W-CTRL-CC-WP

Опис на серијата

Конструкција

Comfort-контролен систем за сите конвенционални пумпи во изведба со сув и со воден ротор со фиксен број вртежи и трифазен мотор.

Примена

За континуирано прилагодување на моќноста на варијабилните работни состојби на постројките со единечни, двојни и повеќе пумпи (до 6 пумпи). Регулацијата следува во зависност од диференцијалниот притисок Δp, приливната и повратната температура (±T) или диференцијалната температура (ΔT), заедно со слободното нагодување на работната точка преку претходна корекција на моќноста на пумпата под максимално оптоварување.

Опрема/функција

Принцип на работа

Контролните системи Wilo-Comfort овозможуваат континуирано електронско прилагодување на моќноста на пумпите на променливите услови во хидрауличната постројка зависно од управувачките параметри на притисокот (p), волуменскиот проток (Q) и температурата (T).

Карактеристики на опремата

  • PID-контролор
  • Вграден часовник за реално време со промена во летно / зимско време
  • Интегриран бројач на поединечни / вкупни раб. часови
  • Оптимизација на работни часови кај повеќепумпните системи
  • Заштита на мотор со приклучување на WSK, KLF и TSA
  • Сензорски дисплеј со осветлување на позадината во повеќе бои
  • Прикажување на состојба на погоните (на пр. пумпи и фреквентни конвертори)
  • Кориснички прилагодено водење во менито со повеќејазичен приказ на јасен текст или водење со симболи
  • Меморирање и приказ на детални работни податоци
  • Дефиниран приказ на сигнализација за грешки и нивно чување во меморијата
  • Надгледување на прекин на жиците на линијата на сензорите

Означување на типот

Пример

CC-HVAC 2 x 20,0 DOL FC BM WP

CC

Comfort Controller електроника за активирање на обични пумпи со фиксен број на вртежи

CC-FC

Comfort Controller со фреквентен конвертор за основна пумпа

HVAC

Примена за греење, климатизација, ладење

2

Број на пумпите за регулација

(1 до макс. 6 пумпи)

20,0

Струја на пумпите во А

DOL

Режим на вклучување на пумпа

DOL: директно

SD: ѕвезда-триаголник

FC

Изведба заедно со фреквентни конвертори во расклопниот уред, како и синусен филтер

WM

Изведба на уредот

 

WM = монтажа на ѕид IP54

 

BM = стоечки уред IP54

WP

Изведба за примена во бунарска техника (well pump)

  
  
 

На барање се вградува во разводен орман

Технички податоци

  • Изведби на уредот
    • Монтажа на ѕид (WM) до P2 = 4 kW
    • Стоечки уред (BM) од P2 = 5,5 kW
    • Изведба со вградување во разводна табла на барање
  • Вид заштита IP 54
  • Приклучување на мрежа 3~400V, 50 Hz
  • за пумпи со номинална моќност на мотор од P2 = 1,1 до 45 kW (поголеми моќности и други напони на барање)
  • Подрачје на регулација на број на вртежи од 100% до 30% од номиналниот број на вртежи на моторот
  • Фактор на моќност cos φ од > 0,90
  • Ефикасност при Pmax > 0,93 а во дозволеното подрачје на делумно оптоварување > 0,85
  • Излезен напон од 3 x 130 V – 400 V
  • Излезна фреквенција од (10 Hz) 12 Hz – 50/60 Hz
  • Дозволена температура на околината од 0 °C до +40 °C

Серија

W-CTRL-CC-H

Производ

PDF: W-CTRL-CC-WP

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај