Wilo-Comfort-Vario COR MHIE.../VR

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Компактен систем со извонреден однос на цената и моќноста, преку високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик, од серијата MHIE со вградени фреквентни изменувачи со воздушно ладење
  • Натпропорционално голем опсег на регулирање
  • Вградена целосна заштита на моторот со термисторски сензор (PTC)
  • Вграден уред за препознавање работа на суво, со автоматско исклучување при недостаток на вода преку електронска регулација на мотор

Конструкција

Постројка за зголемување на притисокот со 2 до 4 паралелно поврзани, нормалновшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, со мотори со регулиран број на вртежи

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-4 пумпи по постројка
  • Континуирано контролирана работа преку пумпи со интегриран фреквентен изменувач
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основната рамка е поцинкувана, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачки вентил на секоја пумпа, од вшмукателната и од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар, од предната притисочна страна, изборно достапен
  • Манометар, од крајната притисочна страна
  • Изборно достапно осигурување од недостиг на вода

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-COR-3 MHIE 406/GE

COR

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

3

Број на пумпи

MHIE

Серија на пумпи

4

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

06

Број на степени на единечна пумпа

VR

Регулатор; VR = Vario-контролор

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10 %, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz, зависно од типот и 1~230 V, 50/60 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 2" - DN 250
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 2" - DN 250
  • Опсег на бројот на вртежи 1200 - 3770 1/мин
  • Класа на заштита IP 54
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • вода за ладење
    • вода за пиење и потрошна вода
    • вода за гасење (водена линија; за сува линија на барање - внимавајте на специјалните директиви на DIN 1988 (EN 806) и на Управата за заштита од пожар!)

Материјали

  • Работни кола не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Степенести комори не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Куќиште на пумпата не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4404
  • Заптивки EPDM (EP851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4404
  • Механичка заптивка волфрамкарбид/јаглен
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Лежиште волфрамкарбид
  • Пумпна ногалка алуминиум

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкувана и опремена со ублажувачи на стегањето, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од MHIE 2.., 4.., 8.. und 16..; фреквентните конвертори, адаптирани на моторот на пумпата, овозможуваат континуирана работа на сите пумпи од овие серии во режим на регулација со повратна врска: сите делови на пумпите што се во допир со медиумот се од не‘рѓосувачки челик
  • Арматури: секоја пумпа е опремена со по една атворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна, со DVGW-контролна ознака, односно прстенест затворачки вентил, и неповратен вентил со DVGW-одобрение од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил-каучук, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачка топчеста славина, заради проверка и ревизија, со празнење и проточна арматура според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Comfort-Vario-регулатор
  • Прикажување на притисокот: од претпритисочната и од крајната притисочна страна преку манометар (ø 63 mm); дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот ЛЦД екран на регулаторот Comfort-Vario
  • Регулатор: постројката е опремена со Vario-регулатор VR во стандардна изведба

Вкупен дијаграм

Comfort-Vario COR

Производ

PDF: Wilo-Comfort-Vario COR MHIE.../VR

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај