Wilo-Comfort-Vario COR MVIE.../SCe

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Висока енергетска ефикасност на системот благодарение на IE4-мотор и оптимизирана хидраулика
  • Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје на фреквентниот конвертор од 25 Hz до 60 Hz максимум за големо подрачје на примена
  • Голема сигурност благодарение на различните заштитни функции, вклучитечно заштита од оптоварување, заштита од сув од и автоматско исклучување.
  • Нагодувањето и работата со SCe-приклучната табла се екстремно едноставни благодарение на LC-дисплеј и зеленото копче за нагодување.
  • Подготвтено за приклучување во зградна автоматика со SCe-приклучна табла преку Modbus

Конструкција

Постројка за зголемување на притисокот подготвена за приклучување со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално наредени, нормално вшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од сериите MVIE 70 односно 95. Секоја пумпа е опремена со интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење. Постројка опремена со Smart Controller SCe.

Примена

Целосно автоматска постројка за снабдување на водата и зголемување на притисокот во приливен погон или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување). Содржи резервна пумпа според DIN 1988 и DIN EN 806.

Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:

  • Вода за пиење (зависно од одобрение за пиење вода, проверете го делот за материјал)
  • Чиста вода
  • Вода за ладење
  • Процесна вода
  • Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)

Опрема/функција

2-4 пумпи по постројка од сериите MVIE (70 односно 95) со регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор на секоја пумпа.

SCe-приклучната табла ги прави автоматската регулацијата и управувањето на постројката за зголемување на притисокот посигурни.

Целосно се монтира на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.

Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.

од притисочната страна:

  • Затворачки вентил
  • Неповратен вентил
  • Неповратен вентил на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Од вшмукателната страна

  • Затворачки вентил
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo COR-3 MVIE 7002/SCe

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

R

Ргулација со фреквентен претворувач

3

Со една пумпа

MVIE

Серија на пумпи

70

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

02

Број на нивоа на единечна пумпа

SCe

Smart Control приклучна табла за електронска пумпа

Технички податоци

  • Приклучоци за мрежа:
    • 3~400 V ± 10 %, 50 Hz
    • 3~380 ±10 V, 60 Hz
  • Макс. температура на медиум +60 °C (+70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри:
    • Притисочна страна DN 200 – DN 250
    • Приливна страна DN 200 – DN 250
  • Опсег на број на вртежи 1500 – 3500 1/мин
  • Вид заштита IP54
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите

Материјали

MVIE 10": 70-95 m³/h:

  • Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога од сиво леано железо со ACS-одобрение
  • Хидраулика во 1.4307 [AISI 304L]
  • EPDM заптивка
  • Со патрон

Други изведби се испорачуваат на барање:

  • PN 25
  • FKM (Viton) заптивање

Опис/конструкција

Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање.

Цевковод: Комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на сите материјали што се користат во цевководите во зградната техника. Цевководот е направен според вкупната хидраулична моќност на постројката за зголемување на притисокот

Пумпи: Се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите MVIE 70 и MVIE 95. Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/сиво леано железо и со KTL-облога со ACS-одобрение.

Арматури: секоја пумпа е опремена со по еден затворачки вентил од вшмукателната и од притисочната страна, со ознака за DVGW одобрение, односно прстенест затворачки вентил, и неповратен вентил со DVGW одобрение од притисочната страна.

Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.

Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.

Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.

Контролен панел: Smart Controller SCe во стандардна изведба со LC-дисплеј.

Други изведби на барање

Вкупен дијаграм

Wilo-Comfort-Vario COR-2-4 MVIE.../SCe

Производ

PDF: Wilo-Comfort-Vario COR MVIE.../SCe

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај