Wilo-Drain TM/TMW/TMR 32

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Минимално ниво на остатокот од водата изнесува 2 mm (само кај TMR изведба)
  • Ергономска рачка, мала тежина, лесна примена благодарение на изведба подготвена за вклучување (Plug&Pump)
  • Безбедност при работа поради ладење со млазна обвивка, лизгачка механичка заптивка со заптивна комора како и мотор спакуван во нерѓосувачки челик
  • Должина на кабел од 4 до 10 m, во зависност од типот
  • Температура на медиум: макс. 90 °C

Конструкција

Потопна пумпа за нечиста вода

Примена

Транспорт на

  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Приклучен кабел со утикач
  • Термичко надгледување на моторот
  • Ладење со млазна обвивка

Опсег на испорака

  • Пумпа со кабел, утикач и вграден пливачки прекинувач (освен TM 32/8)
  • Приложени неповратни вентили (не кај TM 32/7 и TM 32/8-10M)
  • Приклучок за црево со надворешен навој или конектор за црево (ø 35 mm)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-Drain TMW 32/11 HD

TM

Потопна пумпа за нечиста вода

W

Изведба:

  • без: Стандард
  • W: со вртложен уред
  • R: со рамно вшмукување

11

Макс. напор во m

HD

специјална изведба:

  • HD: Изведба во специјален материјал
  • 10M: Должина на кабел, пр. 10 m

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 1~ 230 V, 50 Hz
  • Вид на заштита: IP68
  • Макс. длабочина на потопување: 1 или 7 m, во зависност од типот
  • Температура на медиум: 3 ... 35 °C, краткотрајно до 3 мин.: макс. 90 °C
  • Должина на кабел: 4 или 10 m, во зависност од типот
  • Потисни приклучоци: Rp 1¼

Материјали

TM/TMW/TMR:

  • Куќиште на мотор 1.4301(AISI 304)
  • Куќиште на пумпа: PP-GF30
  • Работно коло: PPE/PS-GF20
  • Вратило: 1.4104 (AISI 430F)
  • Заптивање:
    • Од страната на моторот: NBR
    • На страна на медиумот: јаглен/керамика

TMW ... HD:

  • Куќиште на мотор 1.4404 (AISI 316L)
  • Куќиште на пумпа: PP-GF30
  • Работно коло: PPE/PS-GF20
  • Вратило: 1.4404 (AISI 316L)
  • Заптивање:
    • Од страната на моторот: NBR
    • На страна на медиумот: јаглен/керамика

Опис/конструкција

Потопна пумпа за стационарно и преносливо водено поставување во целосно автоматизирана работа преку монтиран пливачки прекинувач.

Хидраулика

Пумпите на TM-серијата се опремени со отворено повеќеканално работно коло и имаат куглест премин од 10 mm (освен TMR). Потисниот приклучок е изведен како вертикален навоен приклучок.

Варијанти на изведба:

  • TMW Wilo-Drain TMW гарантира постојан вртлог преку функцијата Twister во подрачјето на вшмукување на пумпата и спречува пропаѓање и заглавување на талог. Со тоа се постигнува чиста собирна јама и се спречува создавање миризби. Функцијата Twister може да се деактивира.
  • TMR Wilo-Drain TMR овозможува испумпување на медиуми до ниво од 2 mm со помош на специјална вшмукателна корпа.

Мотор

Потопен мотор во изведба на монофазна струја со ладење со млазна обвивка (ладењето следува преку медиум помеѓу пумпи и куќиште на мотор) и вградена термичка заштита од преоптоварување со автоматско повторно вклучување.

Заптивање

Заптивањето се зиведува од страната на медиумот со една механичка заптивка, од страната на моторот со заптивен прстен на вратило. Помеѓу заптивањето се наоѓа заптивна комора со полнење со бело масло.

Кабел

Пумпата е опремена со приклучен кабел од 3 или 10 m со утикач со заштитен контакт, како и со монтиран пливачки прекинувач (не TM 32/8-10M).

Вкупен дијаграм

Wilo-Drain TM/TMR/TMW 32

Производ

PDF: Wilo-Drain TM/TMW/TMR 32

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај