Wilo-EMU FA...RF

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робусна изведба целосно од не‘рѓосувачки челик 1.4581 за примена во корозивни медиуми
  • Сигурност на процесот благодарение на опфатни уреди за надгледување
  • Воведување на кабел со должинска непропустливост на вода
  • Слаби вибрации и долг период на стоење благодарение на квалитетните компоненти
  • Можни се изведби по мерка на корисникот

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода од лиен нерѓосувачки челик без систем за разладување за континуирана работа, за стационарно и преносливо водено поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода со фекалии
  • Претходно прочистена отпадна вода без фекалии и долговлакнести состојки
  • Процесна вода
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Тешка робустна изведба од леан нерѓосувачки челик (1.4581)
  • Едноставна инсталација преку уред за прикачување или преку ногалка

Опсег на испорака

  • Потопна пумпа за отпадна вода од лиен нерѓосувачки челик
  • Должина на кабел по желба на клиентот
  • Опрема по желба на клиентот
  • Прирачник за работа и одржување

Означување на типот

Пример:

Wilo-EMU FA 05.23RFW + T 12-2/11GEx

Хидраулика:

FA 05.23RFW

FA

Потопна пумпа за отпадна вода

05

x10 = номинален дијаметар на потисен приклучок пр. DN 50

23

Коефициент на моќноста

RF

Специјален материјал на лиен нерѓосувачки челик

W

Тип работно коло:

W = Работно коло со слободно струење

E = Едноканално коло

Мотор:

T 12-2/11G Ex

T

Мотор со пасивно ладење без систем за ладење

12

Монтажна големина

2

Бр. на полови

11

x10 = должина на пакет во mm

И

Изведба на заптивањето:

G = две одделни механички заптивки

K = касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки

Експлозивни средини

Дозволено за експлозивни подрачја

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Вид на заштита: IP68
  • Макс. температура на медиум: 3 - 40 °C, повисоки температури на барање
  • Слободен куглест премин: 35 - 45 mm.
  • Трајно подмачкани валчести лежишта
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m

Материјали

  • Делови на куќиштето: леан нерѓосувачки челик 1.4581
  • Работно коло: леан нерѓосувачки челик 1.4581
  • Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот: SiC/SiC
  • Статички заптивки: FPM
  • Вратило: Нерѓосувачки челик 1.4462

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено поставување.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтална прирабничка врска. Во зависност од хидрахуликата и од типот на работното коло максимално можната сува материја изнесува 8 %.

Се користат следните облици на работни кола:

  • Работно коло со слободно струење (W)
  • Едноканално работно коло (E)

Зависно од типот, едноканалната хидраулика може да биде опремена со со прстен на топчесто лежиште и/или со разделен прстен од зацврстен материјал. Тие долгорочно придонесуваат кон рамномерна ефикасност на агрегатот.

Мотор

Моторите со ладење на горната површина (Т-мотор) го предаваат вишокот на топлина преку деловите од куќиштето директно на околниот медиум и можат да се применуваат потопено при трајна работа.

За заштита на моторот од продирање на медиумот обезбедена е заптивна комора. На неа може да и’ се пристапи и од надвор, а по избор може да се надгледува и со електрода за заптивна комора.

Сите употребени медиуми за полнење се потенцијално биолошки разградливи и не ја загрозуваат животната средина.

Воведувањето на кабелот кај T-моторите е должински отпорно на вода, а должините на кабелот се конфигурираат индивидуално.

Заптивање

Во зависност од типот на моторот, заптивањето од страната на медиумот и на моторот е достапно во следните варијанти:

  • Варијанта G: две лизгачки механички заптивки со независно дејство
  • варијанта K: касета блок-заптивки со две лизгачки механички заптивки со независно дејство

Вкупен дијаграм

Wilo-EMU FA ... RF

Преземања

Wilo-EMU FA

Број на производ 6072704
Издание 1606
Број на верзијата 05
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 96

PDF (8 MB)

Преземи

Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID

Број на производ 6067561
Издание 2019-01
Број на верзијата 04
Формат на страница 209.9 x 297.0 mm
Број на страници 68

PDF (5 MB)

Преземи

PDF: Wilo-EMU FA...RF

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај