Wilo-Rexa CUT

Особености/предности на производот

  • Особена доверливос благодарение на ATEX и воведување на кабел со должинска непропустливост на вода (CUT GE…)
  • Висока безбедност при работа со помош на сферно оформен алат за сечење со влечен пресек
  • Долг век благодарение на квалитетно заптивање на моторот со две независни лизгачки механички заптивки и изборна стапчеста електрода за надгледување на заптивната комора

Опис на серијата

Конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода со алат за сечење, за наизменична и континуирана работа, за стационарно и преносливо водено поставување.

Примена

Транспорт на

  • Отпадна вода со фекалии според (DIN) EN 12050-1
  • Нечиста вода

Опрема/функција

  • Алат за сечење со внатрешно или надворешно сечиво и влечен пресек
  • Надгледување на температурата на намотката со биметален сензор
  • Сертификат ATEX (кај верзија на мотор „P“)
  • Изборна надворешна стапчеста електрода за надгледување на заптивната комора

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • 10 m приклучен кабел со приклучница (наизменична струја) или со слободен крај на кабел (трифазна изведба)
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пример:

Wilo-Rexa CUT GE03.26/P-T15-2-540X/P

Rexa

Потопна пумпа за отпадна вода со хидраулика за вртложење

CUT

Серија со уред за сецкање

GE

Изведба на хидрауликата:

GI = Внатрешно поставен алат за сечење

GE = Надворешно поставен алат за сечење

03

Номинален потисен приклучок:

03 = DN 32

04 = DN 40

26

Нулти напор во m

P

Изведба на мотор:

S = куќиште на мотор од нерѓосувачки челик

P = куќиште на мотор од сиво леано железо

T

Изведба, приклучување на мрежа:

M = 1~

T = 3~

15

Вредност/10 = моќност на мотор P2 во kW

2

Бр. на полови

5

Фреквенција (5 = 50 Hz, 6 = 60 Hz)

40

Клуч за димензиониран напон

X

Дозволено за експлозивни подрачја:

Без додаток = без одобрение за експлозивни подрачја

X = Дозволено за експлозивни подрачја

P

Електрична дополнителна опрема:

без додаток = со слободен крај на кабелот

P = со штекер

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Работен режим, непотопено, CUT GI: S2-15 мин; S3 10%
  • Работен режим, непотопено, CUT GE: S2-30 мин; S3 25%
  • Вид на заштита: IP68
  • Класа на изолација: F (CUT GE: опционално H)
  • Температура на медиум: 3…40 °C, макс. 60 °C за 3 мин
  • Макс. длабочина на потопување: 20 m
  • Должина на кабел: 10 m

Материјали

  • Куќиште на мотор: 1.4301 (изведба на мотор „S“) односно, EN-GJL-250 (изведба на мотор „P“)
  • Хидраулично куќиште: EN-GJL-250
  • Работно коло: EN-GJL 250
  • Крај на вратилото: Нерѓосувачки челик 1.4021
  • Уред за сецкање: внатрешно сечиво = 1.4528; надворешно сечиво = абразит/1.4034
  • Заптивање од страната на пумпата: SiC/SiC
  • Заптивање од страната на моторот: C/MgSiO4
  • Статички заптивки: NBR

Опис/конструкција

Потопна пумпа за отпадна вода со внатрешно или надворешно поставен алат за сечење како преплавлив блок-агрегат за стационарно и за преносливо водено поставување при наизменична и континуирана работа.

Хидраулика

Спуштањето од притисочната страна е изведено со хоризонтална прирабничка врска, со комбиниран приклучок DN 32/40. Можната сува материја изнесува максимално 8 % (зависно од хидрауликата). Дополнително има и едноканални и повеќеканални работни кола.

Мотор

Како мотори доаѓаат предвид мотори со ладење на горната површина во монофазна и трифазна изведба за директен старт. Топлината на моторот се предава од куќиштето rдиректно на медиумот. Моторите можат да се применуваат потопени, при континуирана работа (S1), и извадени, при краткотрајна работа (S2), како и за наизменична работа (S3).

Моторите се опремени со термичко надгледување на намотката. Тоа ја штити намотката на моторот од прегревање. За таа цел стандардно се користат биметални сензори. Моторите во P-изведба се дополнително опремени со надгледување на просторот на моторот. Електрода за влажност пријавува навлегување вода во просторот на моторот.

Покрај тоа, моторите можат да се опремат со надворешна стапчеста електрода за надгледување на заптивната комора. Таа пријавува навлегување на вода во заптивната комора преку заптивката од страната на пумпата.

Приклучниот кабел има стандардна должина од 10 m и во монофазна изведба е опремен со приклучок. Во трифазна изведба стандадно има слободни краеви, а кај моторите со Р-изведба е должински водоотпорно залиен.

Заптивање

Помеѓу моторот и хидрауликата се наоѓа заптивна комора. Таа е наполнета со медицинско бело масло и го штити моторот од навлегување на медиумот преку заптивката од страната на пумпата. Заптивањето од страната на пумпата и од страната на моторот се изведува со две лизгачки механички заптивки коишто се вртат независно една од друга.

Вкупен дијаграм

Rexa CUT GE… 50Hz

Rexa CUT GI… 50Hz

Преземања

Certification Booklet Wilo-Rexa CUT GI

Број на производ 6072581
Издание 1605
Број на верзијата 04
Формат на страница A4
Број на страници 4

PDF (223 kB)

Преземи

Certification Booklet Wilo-Rexa CUT GE

Број на производ 6072580
Издание 1605
Број на верзијата 04
Формат на страница A4
Број на страници 8

PDF (451 kB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-Rexa CUT

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај