Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Sub TWI 10 | Wilo
Вашите предности
Wilo-Sub TWI 10

Особености/предности на производот

  • Енергетски штедлива, оптимизирана хидраулика со ефикасност до 80 %
  • Долд животен век, благодарение на не’рѓосувачки челик, изборно во варијанта на квалитет V4A
  • Сертификат ACS за примена кај вода за пиење
  • Голема моќност од 1 до 250 m³/h
  • Висока флексибилност благодарение на верзиите во подрачјето од 4, 6, 8 и 10 цола
Опис на серијата
Wilo-Sub TWI 10

Изведба

Повеќестепена, 10" подводна пумпа во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална инсталација

Примена

  • За снабдување со вода и со вода за пиење од бунари и цистерни
  • Снабдување со потрошна вода
  • За комунално водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
  • Зголемување на притисок
  • Спуштање на нивото на водата
  • За транспорт на вода во индустриската примена
  • За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки

Опрема/функција

  • Повеќестепена подводна пумпа со полуаксијални работни кола
  • Вграден неповратен вентил, пружинест
  • NEMA-спојка до 8"-приклучок на мотор, од 10"-мотор стандардизиран приклучок
  • Трифазен мотор
  • Херметички залиени мотори
  • Мотори со калеми за повторно намотување

Означување на типот

Пример:

Wilo-Sub TWI 010.125-02-C + NU 611T-2/18

Хидраулика:

TWI 010.125-02-C

TWI

Хидраулика

0

Серија што може да се конфигурира

10

Пречник на хидрауликата во цоли ["]

125

Номинален проток [m3/h]

02

Број на степени на хидрауликата

Дијаметар на ротор (без = стандард, S = одвртено)

C

Генерација на серијата

Мотор:

NU 611T-2/18

NU

Подводен мотор

611

Монтажна големина (5…, 6... = 6"; 7…, 8… = 8"; 9... = 10")

T

Полнење на мотор (без = Стандард, T = вода за пиење)

2

Бр. на полови

18

Должина на пакет

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
  • Потопен работен режим: S1
  • Температура на медиум:
    • Херметички залиени мотори: 3-20 °C или 3-30 °C (зависно од типот)
    • Мотори со калеми за повторно намотување: 3--30 °C (зависно од типот)
  • Минимално струење кај моторот: 0,1--0,5 m/s (зависно од типот)
  • Макс. содржина на песок: 50 g/m3
  • Макс. број стартувања: 10 - 20/ч (зависно од типот)
  • Макс. длабочина на потопување: 100 - 350 m (зависно од типот)
  • Вид на заштита: IP68
  • Потисен приклучок: Rp 6

Материјали

  • Куќиште на хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4057
  • Куќиште на мотор: EN-GJL или нерѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило мотор: нерѓосувачки челик 1.4542 или 1.4462 (зависно од типот)

Конструкција

Подводна пумпа со ACS дозвола за вертикална или за хоризонтална монтажа.

Хидраулика

Повеќестепена подводна пумпа со 6/8"-NEMA- или над 10" со стандардизиран приклучок и полуаксијални работни кола во члекновидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.

Мотор

Трифазен мотор за директно активирање или за активирање ѕвезда-триаголник. Задихтуван, херметички залиен мотор, потопен во смола, со намотка изолирана со лак или со мотор кој може одново да се намота, со намотка со PVC изолација, самоподмачкувачко лежиште, наполнет со мешавина од вода-гликол. Мотори од сериите NU 611, NU 8..., NU 9... се алтернативно достапни и во изведба за вода за пиење (T-верзија).

Ладење

Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.

Притисочна обвивка

Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара.

Опсег на испорака

  • Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
  • Приклучен кабел со одобрение за вода за пиење, пресек и должина на кабел како стандардна опрема или по желба на клиентот
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Хидраулика од не`рѓосувачки челик 1.4401
  • Мотор од нерѓосувачки челик 1.4401, 1.4571 или G-CuSn10
  • Изведба со 60 Hz
  • Вклучување ѕвезда-триаголник
  • Мотор што може повторно да се намотува
  • Мотор може повторно да се намотува, наполнет со вода за пиење, како специјална изведба

Опрема

  • Цевки со разладна обвивка
  • Притисочна обвивка
  • Монтажни комплети за кабел, за вода за пиење и за процесна вода
  • Приклучни уреди
Документи

Упатство за вградување и работа

Submersible motor pump - motor pre-filled

Број на производ 6094322
Издание 2007-05
Број на страници 72
Јазик en
PDF (1 MB)

Submersible motor pump - motor non-filled

Број на производ 6094323
Издание 2007-05
Број на страници 72
Јазик en
PDF (1 MB)

Submersible motor pump in booster shroud - motor pre-filled

Број на производ 6094324
Издание 2007-05
Број на страници 60
Јазик en
PDF (922 KB)

Submersible motor pump in booster shroud - motor non-filled

Број на производ 6094325
Издание 2007-05
Број на страници 68
Јазик en
PDF (1 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo-Sub TWI 4#Wilo-Sub TWI 6/TWI 06#Wilo-Sub TWI 8/TWI 08#Wilo-Sub TWI 010

Број на производ 6080451
Издание 2022-02
Број на страници 24
Јазик Јазично неутрално
PDF (4 MB)