Максимална конективност со Wilo-Smart Connect

Од интеграцијата во зградната автоматика до контролата преку апликација, Wilo обезбедува сеопфатни комуникациски можности со интелигентни и паметни технологии. Ние ве поврзуваме паметно со вашите пумпи и пумпни системи и ви даваме преглед на местата на инсталација и работните услови додека сте во движење.

Wilo-Smart Connect

Со Wilo-Smart Connect, можете да ги контролирате следниве Wilo производи: Wilo-Stratos MAXO и Wilo-Stratos, Wilo-Stratos GIGA, Wilo-CronoLine IL-E, Wilo-VeroLine IP-E и Wilo-Helix VE.

Функционалностите вклучуваат читање на параметризација на Wilo производите, чување, пренесување и генерирање документација за нарачаните производи. Покрај тоа, можно е читање и визуелизирање на статистичките податоци.

Нашата апликација за далечинско управување на Wilo-Smart производите:

  • Поврзување на пумпата со паметен телефон или таблет преку Bluetooth интерфејс
  • Не е потребен адаптер
  • Конфигурација, контрола и фино подесување
  • Превземање на работни информации за складирање, пренесување и креирање на документација
  • Ажурирања на софтверот за Wilo-Stratos MAXO
  • Особено погодно за тешко достапни пумпи

Апликацијата може бесплатно да се преземе од Apple App Store или Google Play.

Wilo-Smart Cloud

Нашата облак услуга за далечинско управување на големи растојанија:

  • Пристап преку интернет
  • Опција за следење и контрола на пумпата насекаде во светот
  • Собирање и проследување на податоци за пумпата
  • Испраќање информации, пораки за грешки и предупредувања
  • Визуелизација и чување на податоците преку Wilo-Smart Connect апликацијата

Wilo-Smart Gateway

Модул за поврзување со нашата Wilo-Smart Cloud инфраструктура за далечински пристап:

  • Поврзување (преку Wilo Net) со Wilo-Smart Cloud, нова онлајн Wilo платформа
  • Едноставен и безбеден пренос на податоци од Wilo пумпата
  • Овозможува далечинско следење и контрола на пумпата преку паметен телефон или таблет

Wilo-CIF-модул: за интеграција во автоматизација на згради:

  • Удобна инсталација: специјален слот во просторот со приклучоци и едноставно каблирање
  • Различни BUS протоколи: Modbus RTU, BACnet MS / TP, CANopen, LON TP / FT-10, PLR
  • За Wilo-Stratos MAXO

Имаме одговори на вашите прашања

Нашите производи и услуги го разбудија вашиот интерес? Тогаш ние сме среќни да Ви помогнеме!

Без разлика дали се работи за креирање понуда или уредување на спецификациите на услугите, дизајнирање различни видови опрема, советување за избор на пумпи и приклучни уреди или само помош со хидраулични и проблеми со контрола.

Слободно можете да контактирате со најблиската канцеларија за продажба и да закажете состанок. Ве чекаме!

Најдете го вистинскиот контакт за вашето прашање.

Главниот почеток во иднината: Wilo-Stratos MAXO фамилија.

Првата во светот паметна-пумпа* ги претставува иновациите на иднината што ви го олеснуваат животот денес: Wilo-Stratos MAXO ви нуди поголема ефикасност, поврзаност и удобност од кога било досега. Тоа е првата пумпа која има интуитивен кориснички интерфејс - и ја олеснува инсталацијата и работењето како никогаш порано. Wilo-Stratos MAXO исто така ја редефинира ефикасноста на системот: Со иновативни функции за заштеда на енергија и нови режими на контрола, таа достигнува максимална ефикасност на системот.

Wilo-Stratos MAXO – Првата паметна пумпа во светот.*

Стадионите се исклучително сложени - вклучително и кога станува збор за нивната технологија за греење, ладење и климатизација. Потребните пумпни системи не треба да бидат енергетски штедливи, туку да можат да ги прилагодат своите перформанси на променливите потреби, бидејќи стадионите се во целосна употреба за време на викендите. Тимските соблекувални и ВИП простори бараат сигурна климатизација во текот на целата година.

Енергетски ефикасниот и интелигентен Wilo-Stratos MAXO е погоден за сите апликации, и благодарение на можноста за ажурирање, во состојба е флексибилно да се справи со сите тековни, па дури и идни барања.

Тој го претставува најдоброто од паметните решенија и со својата иновативна технологија поставува нови стандарди за поврзување, ефикасност на системот и комфор на корисниците. Обезбедува максимална енергетска ефикасност преку неговите карактеристики Dynamic Adapt plus и No-Flow Stop. Широки комуникациски интерфејси како што е Wilo Net овозможуваат мобилни облак (cloud) решенија со далечински мониторинг, како и директно мрежно вмрежување пумпи и системи со повеќе пумпи (Mult-Flow Adaptation). Пумпата може да се контролира, да се конфигурира и да се мониторира на лице место со помош на Bluetooth интерфејс.

Покрај тоа, Wilo нуди и сервис прилагоден на корисниците - од пуштање во работа од Wilo сервисот до инклузивни договори за одржување и поправка, до пакетот безгрижен WiloCare пакет.

прочитај повеќе
*Под паметна пумпа, ние подразбираме нова категорија пумпи што е далеку над нашите високо-ефикасни пумпи или интелегентни пумпи. Комбинацијата на најновите сензори и иновативни контролни функции (на пр. Dynamic Adapt plus и Multi-Flow Adaptation), двонасочна поврзаност (на пр. Bluetooth, интегрирани аналогни влезови, бинарни влезови и излези, интерфејс WiloNet), ажурирања на софтвер и одлична употребливост (на пр. благодарение на Водичот за подесување, принципот за преглед за предвидлива навигација и испробаната и тестирана технологија со зелено копче) ја прават оваа пумпа паметна пумпа.

Wilo-Stratos MAXO


Имаме одговори на вашите прашања

Нашите производи и услуги го разбудија вашиот интерес? Тогаш ние сме среќни да Ви помогнеме!

Без разлика дали се работи за креирање понуда или уредување на спецификациите на услугите, дизајнирање различни видови опрема, советување за избор на пумпи и приклучни уреди или само помош со хидраулични и проблеми со контрола.

Слободно можете да контактирате со најблиската канцеларија за продажба и да закажете состанок. Ве чекаме!

Најдете го вистинскиот контакт за вашето прашање.