Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Ефикасност во постројката за прочистување вода.

Комуналната постројка за прочистување AWZI обработува отпадна вода во холандскиот град Алмере за околу 190,000 жители. Целта беше да се направи поефикасна работата на постројката со помош на модерни мешалки со потопен мотор во фазата на биолошко прочистување. Благодарение на услугите Wilo Try & Buy, не само што постројката стана побезбедна во однос на стабилноста во нејзината работа, туку и во однос на нејзината замена и трошоците за неа.

Доверливоста и ефикасноста при континуирана работа создаваат извонредни предизвици

Новата мешалка со потопен мотор од Wilo ги намалува енергетските трошоци на постројката благодарение на нејзината високо ефикасна технологија и истовремено обезбедува стабилна работа со многу критичен медиум. За да може да се овозможи потребниот успех на мешање во целото корито, димензионирањето и позиционирањето на погонот за мешање требаше да бидат оптимално искоординирани едно со друго.

„Try & Buy“ – не мора да ве убедуваме

Исклучително големите инвестиции треба да се размислат добро. За да може да се погоди правилното решение, со Try & Buy Wilo нуди претходен практичен тест: Затоа во Алмере две мешалки со потопен мотор беа пробно поставени на располагање три месеци и машините беа провереени по еден и пол месец. Поради тоа беше можно да се направат приспособувања за многу кратко време. Целта беше да им се овозможи на клиентите да го тестираат производот преку секојдневна употреба. Бидејќи само производи коишто се стопроцентно уверливи треба да се применуваат за постројка за прочистување.

Резултатот - крајно задоволен клиент

Обете употребени мешалки со потопен мотор не покажаа никакви знаци на абење или нефункционалност во рамките на тестирањето. Исто така, се доби и посакуваното подобрување на ефикасноста: само во рамките на првото пробување, производите од Wilo заштедија околу 0,9 kW. Со континуирана работа од 365 дена се штеди до 876 евра за секоја мешалка со потопен мотор и година. Во овој случај се штедат до 1.752 евра годишно.

„Клиентот беше крајно уверен во нашите производи. Со „Try & Buy“ тој е на правиот пат во однос на инвестициите“, се радува Рон Уијленбрук, бизнис менаџер за комунално и индустриско водостопанство за позитивниот исход.

„Со Try & Buy сте на сигурната страна.“ Г-дин Барт ван дер Стоеп

Тоа е точно она што клиентот во Алмере го виде:

„Испорачаниот погон за мешање функционира на наше крајно задоволство и ги надмина нашите очекувања. Уживавме и во пробната фаза што траеше три месеци“, објаснува Барт Ван Дер Стоеп, раководител на постројката за прочистување.

Мешалките со потопен мотор се во функција 365 дена во годината - бидејќи стабилноста на производот и неговата ефикасна работа се во преден план. Потребни се инвестиции за надградување на постојните постројки во водостопанството за подобра иднина и за да се добијат најдобрите можни резултати од прочистувањето при ниски трошоци.

Со услугата „Try & Buy“, клиентите ги тестираат производите до шест месеци по што можат да донесат одлука без некаков инвестициски ризик.