Достава на вода за ладење во далечен регион
Електраната „Inter Mongolia Shangdu"со капацитет од 8 x 600 MW е еден од главните снабдувачи со струја на северна Кина. Во првите две години од пуштањето во работа, електраната произведе 1,58 милијарди kWh струја. При планирањето предвидена беше меѓупумпна станица меѓу реката Луан и електраната Шангду. Таквата меѓупумпна станица резултираше со големи дополнителни трошоци, особено во зима, како и со трошоци за изградба на патишта до неа итн. Wilo овде достави алтернативно професионално решение за оптимизирани трошоци и заштеда на ресурси.
Беа инсталирани пет постројки за чиста вода во изведба со бронза. Овие единици работат во пумпната станица за водоснабдување во внатрешноста на монголската област веќе од 2005. Со помош на вода за ладење, тие се грижат турбините на електраната Шангду/Неименгу да бидат постојано исправни.
За таа цел, пумпите извлекуваат вода за ладење од браната којашто е со температура од 4 – 10 °C и ја транспортираат до ридот со меѓупумпната станица преку притисочни линии (DN 400 – DN 1000) во должина од 35 km. Од таму водата за ладење тече до електраната долж притисочна линија од 35 km.
Соодветното решение за заштеда на трошоците
Поради тоа, скапата градба на меѓупумпната страница повеќе не беше потребна. На тој начин беа заштедени огромни инвестиции, оперативни трошоци и трошоци за одржување. Проблемот со комплексното одржување на меѓупумпната станица преку зима беше исто така отстранет. Притоа, со помош на високонапонскиот мотор се зголемува напонот и се намалува електричната струја. Така се намалува и губитокот во преносната линија што придонесува кон постигнување на висока ефикасност и на целите за штедење.