Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Првата полу-централна постројка за снабдување и отклонување во светот за една метропола на иднината

Мега-градови, недостаток на вода и воздушно загадување - сите овие предизвици наложуваат иновативни решенија за иднината. Такво решение од иднината е иновативниот центар за снабдување и отклонување SEMIZENTRAL во кинескиот град Чингдао. Центарот за снабдување и отклонување е отворен на почетокот од 2014 во рамките на интернационалниот градинарски саем. Претставува првата референтна постројка во светот којашто е полу-централна и интегрирана во инфраструктурата и којашто обезбедува услуги за 12,000 луѓе.

SEMIZENTRAL е проект на Техничкиот универзтет во Дармштат во соработка со кинескиот универзитет Тонгиј Шангај. Wilo учествуваше во планирањето и реализирањето на проектот како специјалист за пумпи и пумпни системи и овозможи еден широк спектар на пумпни системи од полето на зградна техника и водстопанство. Проектот беше награден во 2015 на GreenTec Awards во категоријата „Урбанизација“, една од најреномираните во Европа во однос на животната средина и економичноста.

Чингдао – метропола на пат да стане мега-град

Кинескиот пристанишен град Чингдао во провинцијата Шангдонг во источна Кина страдаше од недостаток на вода долги години. Причините за тоа е енормната пренаселеност. Бројот на население на целата метропола е пораснато на речиси осум милиони жители. Чингдао е веќе мега-град и е во постојан пораст. За да се земе предвид огромниот развиток на населбите и за да се снабди регионот со вода и енергија, беше многу важно да се почне нешто ново.

Полу-централа – флексибилна средина

„Полу-централа“ – претставува флексибилна инфраструктурна мрежа за градот на иднината, златна средина меѓу децентрализираното и централизираното третирање на отпадна вода.Потребната инфракструктура е изградена во секој нов дел од градот. Наместо обработување и дистрибуирање на градската вода со помош на постројка со долго време на појдовна линија, полу-централата расте заедно со мега-градот. Првата полу-централа како постројка за снабдување и отклонување во светот ја интегрира отпадната вода и органските отпади на струја во едно модуларно концептуално решение.Со една инфраструктурна мрежа создадена за иднината опаѓа побарувачката за свежа вода и опаѓаат количините на отпадна вода за 30 – 40 проценти. Потрошната вода не се води директно на обработка, туку се употребува и понатаму. На пример, отпадната вода од туширање повторно се употребува како вода за одведување измет во тоалетите.Енергијата што е потребна за тоа се произведува од тињата што се добива од канализациите и од домашните биолошки отпади со помош на интегрирана постројка за био-гас. На тој начин високопродуктивните пумпи на Wilo имаа значаен придонес во пилот-постројката од овој проект. Тие допринесуваат за добивањето на потрошна вода и енергија од отпадните води и органскиот отпад, коишто може понатаму да се употребуваат. Топлината што е добиена на тој начин може да се употребува за греење. Затоа, центарот за снабдување и отклонување е енергетски ефикасен и значително климатски неутрален.Вкупно се применуваат околу 56 високо ефикасни потопни мотори со погон за мешање, пумпи како и систем за зголемување на притисокот и противпожарен систем. Адаптирачката инфраструктура со ефикасна потрошувачка на вода е флексибилна и може да расте заедно со урбаната средина. На тој начин центарот е секојпат „толку голем колку што е потребно и толку мал колку што е можно“.