Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи

Клиниката Бремерхавен

Ненавремена потрошувачка на енергија.

Уште од отварањето во 1976, клиниката Бремерхавен со 710 кревети е најмодерна од тој вид во Бремен. Спротивно на нејзината висока позиција во медицината, постројката на зградата беше сè само не современа. Во 2004 главните енергетски трошоци изнесуваа €2,4 милиони. Најважното за пациентите во болницата се и ќе останат компетентните лекари и примената на најмодерната медицинска техника. Сепак, медицинскиот систем и брзото опоравување на пациентите функционира само кога зградната техника е стабилна и оптимална.

Со Wilo-Energy Solutions до најактуелната зградна техника.

Во соработка со Агенција за климатска заштита Energie-Konsens од Бремен, барањето за енергетски ефикасно санирање беше доделено на Siemens-Division Building Technologies. Во текот на ова беше завршен проект за енергетска заштеда во период од дванаесет години.Како резултат, околу 120 индивидуални проактивни мерки беа преземени за да се заменат постоечките, но нерегулирани пумпи со високопродуктивни Wilo-Stratos пумпи.Со тоа клиниката постави пример за квалитет на постројката, еколошка свест, но и одржлива заштеда на трошоците и енергетска оптималност.

Резултат којшто самиот се гледа: заштедени околу 50 MWh струја годишно.

Благодарение на проактивната замена на пумпите, потрошувачката на енергија се намали за 31 %. Откако беа заменети, 50 MWh струја годишно се заштедени преку користење на високопродуктивните пумпи.

Како резултат, мерките гарантираат максимална безбедност при снабдувањето и хигиената согласно најновите регулативи за хигиена, како и поголем комфор за пациентите. Истовремено, пумпите значително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Инвестицијата во високопродуктивните пумпи на Wilo се исплаќа за многу кратко време.

Дознајте повеќе за Wilo-Energy Solutions

Јирген Бројер, технички раководител на клиниката Бремерхавен.