Wilo-SiBoost Smart (FC) Helix V

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робусен систем во согласност со DIN 1988 (EN 806)
  • 2 - 4 паралелно поврзани вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
  • Високо ефикасна хидраулика на пумпа
  • Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот
  • Контролен уред SC, со можност за комуникација, за надгледување на постројката, LC-дисплеј, едноставна навигација и регулација преку вртливо копче, без или со фреквентен конвертор за континуирана регулација на основната пумпа

Конструкција

Високопродуктивна, подготвена за приклучување постројка за водоснабдување (нормално вшмукувачка) Со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик во сува изведба, од серијата Helix V, со вкл. Smart Controller ЅC (достапен со и без фреквентен конвертор FC)

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2-4 пумпи по постројка од сериите Helix V 4 до Helix V 52 со IE2 норм-мотор, заклучно 7,5 kW и голем IE3 норм-мотор (опционално за помала моќност на мотор)
  • Автоматско управување со пумпите преку регулатор Smart Controller SC. Изведбата Smart FC е дополнително опремена со фреквентен конвертор во разводниот орман
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувачи на вибрации за изолација од вибрациона бучава, водење на кабелот и интегриран уред за кревање
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Давач на притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода со манометар, од вшмукателната страна

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-SiBoost-Smart FC 4Helix V 1006

SiBoost

Постројка за зголемување на притисокот во комерцијалното подрачје

Smart

Контролен уред Smart Controller SC

FC

Регулација на соодветната основна пумпа преку фреквентен конвертор

4

Број на пумпи

Helix V

Серија на пумпи

10

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

06

Број на степени на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230 V/400 V ± 10%, 50 Hz
  • Температура на медиум макс. 50 °C (70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 1½" - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри R 1½" - DN 200
  • Номинален број на вртежи 2850 1/мин
  • Вид заштита IP 54 (контролен уред ЅС)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806)
    • Вода за пиење и загреана вода за пиење
    • Вода за ладење
    • Вода за гаснење

Материјали

Helix V 4 до Helix V 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Helix V 22 до Helix V 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпата од сиво леано железо EN-GJL 250 со KTL-облога
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од племенит челик 1.4301

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix V 4 до Helix V 52; сите делови во допир со медиумот, за серијата Helix VЕ 4 до VЕ 16 се од нерѓосувачки челик, или, за сериите Helix VЕ 22 до Helix VЕ 52 се од нерѓосувачки челик/сиво леано железо со KTL-облога; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачка арматура со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната потисна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Smart Controller SC
  • Приказ на притисокот: манометар ( ø 63 mm ) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот ЛЦД екран на регулаторот Smart Controller SC
  • Контролен уред/регулатор: Постројката е опремена со „Smart Controller“ ЅС во стандардна изведба; FC-изведбите располагаат дополнитрелно со фреквентен конвертор

Вкупен дијаграм

SiBoost Smart

Преземања

Wilo-Control SC-Booster (SC, SC-FC, SCe)

Број на производ 2535460
Издание 2013-03
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 156

PDF (5 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-SiBoost Smart (FC) Helix V

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај