Wilo-SiBoost Smart Helix EXCEL

Опис на серијата

Особености/предности на производот

  • Робусен систем со високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix EXCEL, со вграден фреквентен конвертор од 25 Hz до максимум 60 Hz
  • Високо ефикасните EC-мотор (класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2)
  • Севкупна постројка со оптимизирано опаѓање на притисокот, со високопродуктивна хидраулика на пумпа
  • Оптимално приспособување на моќноста на системот и на целокупната постројка со дополнителен контролен режим Δp-v
  • Подобрено надгледување и препознавање на протекување преку интерфејс за SCADA поврзување
  • Максимален квалитет на регулација благодарение на применетиот контролен уред SCe со LC-дисплеј, лесна навигација нагодување на параметрите со помош на вртежно копче
  • Вграден уред за препознавање работа на суво, со автоматско исклучување преку електронска регулација на мотор

Опис

Во густо населени подрачја, транспортот на вода честопати се поврзува со многу ризици за протекувања. Тоа предизвикува високи работни трошоци. Нашето решение: Wilo-SiBoostSmart Helix EXCEL драстично ја намалува целокупната потрошувачка на енергија благодарение на првокласните компоненти (хидраулика и мотори) како на приклучна табла којашто поддржува откривање на протекувања со помош на опционални комуникациски интерфејси.

Конструкција

Високопродуктивна постројка за водоснабдување подготвена за приклучување (нормално вшмукувачка) со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално подредени високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix EXCEL, при што секоја пумпа располага со вграден фреквентен конвертор со воздушно ладење и ЕС-мотор, заедно со контролор Smart Controller SCe. Арматурите и сензорите се заштитени заради безбедна и сигурна инсталација

Примена

  • Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 2 – 4 пумпи по постројка, од сериите Helix EXCEL 4 до Helix EXCEL 52, со високопродуктивен EC-мотор и со континуирана регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор на секоја пумпа
  • Автоматско управување со пумпите преку контролен уред Smart Controller SCe
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Основна рамка од поцинкуван челик, со придушувач на вибрации, со можност за висинско поместување, за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачка арматура од вшмукателната и од притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил на притисочната страна на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, притисочна страна
  • Давач на притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • Капак кој може да се отстрани за заштита на деловите од постројката (не е за серијата Helix EXCEL 52)
  • Изборно, уред за осигурување од недостаток на вода со манометар, од вшмукателната страна

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Амбалажа
  • Упатство за вградување и работа

Означување на типот

Пр.:

Wilo-SiBoost-Smart 3 Helix EXCEL 1005

SiBoost

Постројка за зголемување на притисокот во комерцијалното подрачје

Smart

Контролен уред Smart Controller SCе

3

Број на единечни пумпи

Helix EXCEL

Серија на пумпи

10

Номинален проток [m3/h] на единечната пумпа

05

Број на степени на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10%, 50 Hz; 3~380 V ±10 %, 60 Hz
  • Температура на медиум макс. +50 °C (+70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бари
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната потисна страна R 1½" - DN 200
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 1½" - DN 200
  • Опсег на бројот на вртежи 1500-3770 1/мин
  • Вид на заштита: IP 54 (контролен уред ЅСе)
  • Осигурување од страната на мрежата A, AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање): Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки. Постројката одговара на DIN 1988 (EN 806)
    • вода за пиење и загреана вода за пиење
    • Вода за ладење
    • Вода за гасење

Материјали

Helix EXCEL 4 до Helix EXCEL 16

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од не‘рѓосувачки челик 1.4301
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Пластичните капаци се вадат

Helix EXCEL 22 до Helix EXCEL 52

  • Работни кола, погонски кола, степенесто куќиште од не`рѓосувачки челик 1.4307
  • Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик 1.4308
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057
  • 1.4404 заштитен муф на вратило
  • Заптивки на O-прстен од EPDM (FKM заптивка на барање)
  • Цевковод од не’рѓосувачки челик 1.4301
  • Пластичните капаци се вадат (не за Helix EXCEL 52)

Опис/конструкција

  • Основна рамка: поцинкуван челик, со придушувачи на осцилациите, со висинско поместување, за далекусежна изолација на структуралната бучава, како и интегриран уред за одведување; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од не‘рѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите вообичаени материјали; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпи: 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од сериите Helix EXCEL 4 до Helix EXCEL 52. Фреквентниот изменувач, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со повратна врска помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од не’рѓосувачки челик; други изведби на барање. Одобрение KTW/ WRAS/ACS за сите делови коишто се во допир со медиумот
  • Арматури: секоја пумпа е опремена од вшмукателната и од притисочната страна со затворачка арматура со контролна ознака DVGW, како и со неповратен вентил со одобрение за DVGW/KTW од притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN16 на крајната потисна страна со мембрана од бутил-каучук, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка топчеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на страната на крајниот притисок, за активирање на централниот Smart Controller SC
  • Приказ на притисокот: манометар ( ø 63 mm ) од крајната притисочна страна; дополнително дигитално прикажување на крајниот притисок во алфанумеричкиот ЛЦД екран на регулаторот Smart Controller SC
  • Контролен уред/регулатор: Постројката е опремена со Smart Controller ЅС во стандардна изведба
  • Демонтажни капаци на вшмукателната и на потисната страна: Дизајнот на постројката дарантира оптимална заштита на регулаторните компоненти и на сензорите од прекин на жица и спречува предвремено абење

Вкупен дијаграм

SiBoost Smart

Преземања

Wilo-Control SC-Booster (SC, SC-FC, SCe)

Број на производ 2535460
Издание 2013-03
Број на верзијата 02
Формат на страница A4
Број на страници 156

PDF (5 MB)

Преземи

Производ

PDF: Wilo-SiBoost Smart Helix EXCEL

Конфигурирај

Избор на страница

Формат на страница

Изборни информации

Можете да ги внесете личните информации, кои сакате да бидат прикажани во заглавието.

Меморирај