Пријатната клима во просторијата го зголемува квалитетот на животот и придонесува кон релаксација. Wilo нуди ефикасни пумпи за постројки за климатизација, како и постројки за климатизација за едно или повеќе-фамилијарни куќи кои лесно се користат. Освен тоа, благодарение на опциите за интелигентно управување, нашите решенија за пумпи ја минимизираат потрошувачката на енергија, така што помагаат и за заштеда на пари и заштита на животната средина.
Како сопственик на дом, уживајте во комфор и квалитетен живот
Правилната клима во просториите е одлучувачки предуслов за да се чувствувате целосно пријатно во вашиот дом. Приспособувањето на собната температура според вашата потреба поставува високи барања за циркулационите пумпи во поглед на енергетската ефикасност и заштеда на ресурсите. Со современите пумпни системи на Wilo, како сопственик на дом добивате сигурни и комфорни решенија за ладење и климатизација.
Климатизација – пријатно чувство во сите простории
Климатизацијата не е важен проблем само во топлите региони. Бидејќи денеска трошиме околу 90 проценти од нашиот живот во објекти. Според тоа, климатизацијата станува сѐ поважна. Гарантира пријатна температура и комплетен термички комфор во вашиот животен простор. Освен тоа, постројката за климатизација го подобрува квалитетот на воздухот преку филтри за неутрализација на штетните бактерии. Во едно и повеќе-фамилијарните куќи, системите за климатизација честопати се користат за оваа намена, односно за вшмукување воздух, кој потоа го ладат и го враќаат назад во просторијата.
Придобивки за вас како специјалист од нашите циркулациони пумпи
Климатизацијата на просториите мора прецизно да ги усогласи температурата, влажноста и циркулацијата на воздухот во зависност од различните потреби и во различните простори. Снабдувањето според вашата потреба поставува високи барања за циркулационите пумпи во поглед на енергетската ефикасност и заштеда на ресурсите.
Како специјалист, може да се потпрете на нашите долготрајни високоефикасни Wilo пумпи. Благодарение на максималната ефикасност, нашите нови системи трошат помалку електрична енергија од постарите инсталации. Ги исполнуваат, а понекогаш и ги надминуваат барањата што произлегуваат од насоките на ErP за енергетска ефикасност на циркулационите пумпи.
Користете површинско или подно греење за ладење
Технологијата на ладење нуди алтернатива за климатизацијата преку постројките за климатизација. Како по правило, ладната вода циркулира во постоечкиот систем за површинско греење, односно подно греење, а така сообата се лади рамномерно и низ поголема површина. Енергијата за ладење употребена за тоа обично се добива од топлинската пумпа.
Професионални совети и инсталација
Обучениот специјалист може најдобро да ви одговори која пумпа е соодветна за вашите потреби. Тие ќе ве посоветуваат околу производите и ќе се погрижат за професионална инсталација и одржување. Тоа ви овозможува сеопфатно, трајно сигурно и, пред сѐ, одржливо решение за климатизација на вашиот дом.