Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
SiFire FIRST 32/200-172-6,8/0,55DJ | Wilo

SiFire FIRST 32/200-172-6,8/0,55DJ

Број на производ: 4240862
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Максимален работен притисок PN 12 bar
Број на пумпи 2
Мин. температура на медиум Tmin 4 °C
Макс. температура на медиум Tmax 25 °C
Мин. температура на околината Tmin 4 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Дизел мотор
Волумен на проток на воздух за ладење 330 m³/h
Вид/начини на ладење Воздух
Зафатнина 0,441 l
Број на цилиндри 1
Номинална моќност 6000 W
Број на вртежи 2900 1/мин
Материјали
Куќиште на пумпа 5.1301/EN-GJL-250, KTL-облога
Работно коло Бронза
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 50
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 50

SiFire DJ

Димензии H 1169 mm
Димензии H1 1087 mm
Димензии H2 390 mm
Димензии P 745 mm
Димензии HS 760 mm
Димензии LS 760 mm
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 50
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd PN 16
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 50
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs PN 16
Димензии L 1548 mm
Димензии T 204 mm
Димензии TS 210 mm
Димензии HB 1472 mm
Димензии w1 284 mm
Димензии w2 349 mm
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ SiFire FIRST 32/200-172-6,8/0,55DJ
Број на производ 4240862
EAN број 4062679049663
Боја црвена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2020-09-01
Амбалажа
Вид на пакување Еднонасочна палета
Карактеристики на пакување Комерцијална амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 945 mm
Должина L 745 mm
Мерка за висина со амбалажа 1602 mm
Висина H 1472 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1748 mm
Ширина W 1548 mm
Бруто тежина прибл. m 461 kg
Нето тежина прибл. m 411 kg
Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од една главна пумпа со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување (до 17,7 kW) или универзален зглоб (преку 17,7 kW), дизел мотор и повеќестепена електрична џокеј пумпа во вертикален распоред и разводен орман за секоја пумпа прицврстен на цврста носечка структура.

Модел D за дизел мотор со регулација соодветна за гаснење пожар, плус електронски уред J за џокеј пумпа, цврста конструкција на специјални профили со исечоци за вилушкар и куки за да се загарантира безбеден транспорт без проблеми.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, неповратни вентили, вентил за главната пумпа за автоматско стартување (осигурано против употреба од страна на неовластен персонал). Со мембрана инсталирана директно на главната пумпа во стандардна изведба, за да се спречи прекумерно вжештување при нула количина.

Одделен резервоар за гориво со сензор за ниво и доволен волумен за 6-часовна автономна работа и 2 батерии на основната плоча и уреди за полнење во приклучна табла.

Приклучни табли D и J за постројка за гасење пожар според EN 12845.

Приклучна табла D согласно вид на заштита IP54 вградена во куќиште од челичен лим.

Електронски уред J вграден во компактно куќиште, вид на заштита IP65.

Висококвалитетно управување и многу едноставна работа преку контролор наменет за снабдување со вода за гаснење пожар со повеќејазичен приказ, едноставно водење во менито со едноставно мени и копчиња за притискање, плус непосреден приказ на работниот статус со симболи. Контролор подготвен за комуникација за надгледување на работа на постројката.

Постројката се монтира на основна рамка и е опремена со кабел и цевковод подготвени за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (видете ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката, намален за максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силен пад, во кои разликата во висината помеѓу највисокиот и најнискиот распрскувач изнесува повеќе од 45 m, притисокот на водата на излезот на пумпата или во цевките може да биде повисок од 12 бари, доколку се дизајнирани сите компоненти на постројката за ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За главната пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок од притисочната страна на цевководот над пумпата.

Проток

До 320 m³/h (89 l/s) системска конфигурација за главната пумпа.

Приклучна табла/контролен уред за постројки за снабдување со вода за гаснење пожари

Wilo-Control D (главна пумпа со дизел мотор)

Хардвер:

Целосно електронска централна регулациска единица во лакирано куќиште од челик, вид на заштита IP54, регулација и дисплеј на предната страна.

Својства и функции:

Конструкцијата на контролорот е наменета за моќност на која било комбинација на мотор и пумпа. Уредот ги опфаќа следните составни елементи:

Главен прекинувач: Вклучување/исклучување на приклучната табла. (Недозволено дејство при пожар).

Дисплеј: Вграден LC-дисплеј со позадинско осветлување на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги прикажува работните податоци и соодветните состојби на пумпата и контролорите. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку копчиња за притискање на предната врата.

Микропроцесор: Вградена SPS-логика со вредност на праг, бројач, аларми, статус; напојување со наизменична струја од 12 V; модерни E/A-функции поврзани со кабел. Секоја конфигурација на програмирањето зависи строго од системот и од постројката за распрскување.

Индикатори: Долготрајните индикаторски сијалички укажуваат на статусот на напонскиот извор, работата на пумпата, статусот на моторот, вклучениот притисочен прекинувач, статусот на батеријата, изборот на батерија, исклучената автоматска работа, рачното ресетирање, алармираното стопирање.

Копче за притискање: Копче за притискање за управување со рачното запирање, рачното стартување на батеријата А, рачното стартување на батерија B, рачниот тест режим, ресетирање на аларм и мени за избор.

Осигурувач: Осигурувачи за помошни контакти и уред за полнење на батерија.

Стартување на моторот: Автоматско преку две батерии кои можат да се сменат или директно преку копчето за стартување на преден панел.

Заштита на мотор: Надгледување на типични параметри на работа кај дизел мотор (температура, маслен притисок, ниво на гориво итн.) без запирање.

Надгледување на приливниот сад: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот сад.

Контрола на моќност: Надгледување на бројот на вртежи на дизел мотор.

Надгледување на батериите: Надгледување на напонот, струјата на полнење и падот на уредот за полнење.

Надгледување и управување: Напонски извор, температура за ладење на мотор и притисок на масло на мотор, аналоген сензор за притисок и температура, ниво на гориво, напон на батерија, часови на работа на моторот, статус на пумпа, статус на аларм, статистика за пумпа и стартување, стартување на џокеј пумпа (ако има), програма за одржување, температура и вентилирање на пумпа.

Сигнализација за грешка и ресетирање: Некои алармни сигнали се прикажуваат преку LED-сијаличките, односно графичкиот LCD. Бојата на LED-сијаличките и кодот за аларм мора да се ресетираат.

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за бројот на вртежи на моторот, за напонот на полнење и струјата за полнење.
  • Водење во менито со текст на дисплејот

Комуникација:

  • Во протоколот Modbus RTU е интегриран изолиран комуникациски интерфејс RS485.
  • На предната страна има оптички програмирачки интерфејс со голема брзина, компатибилен со USB и Wi-Fi, безжично поставување на NFC-технологија.

Подлежи на следните стандарди и директиви:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со дизел мотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост (EMV) - отпорност на интерференца за индустријална област (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост (EMV) - емитирана интерференца за станбена област, продавници и комерцијални области, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Контролните уреди Wilo D може да се употребат за регулација на пумпи со дизел мотор, сензори за управување со пумпа и ниво на информации. Приклучната табла регулирана со микропроцесор се употребува за управување и регулација на одредени функции на постројката за зголемување на притисокот согласно EN 12845 за тестирање и за реални случаи на распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во постројката. Како резултат на тоа, главната пумпа стартува со помош на приклучна табла. Кога дизел главната пумпа не се вклучува во постројка со повеќе пумпи (пр. поради пад на напонскиот извор), притисочниот прекинувач на резервната пумпа активира опаѓање на притисокот, којшто ја стартува оваа пумпа. Во одредени случаи можат да се употребуваат две или повеќе пумпи со дизел мотор.

Во постројката се создава притисок штом се затвори циркулациониот круг на распрскувачот или засунот преку којшто се снабдуваат главите за распрскување. За да се запре пумпата, мора да се притиснат копчињата за запирање на предната врата.

Wilo-Control J (џокеј пумпа со електромотор)

Хардвер:

Електронски контролен уред за пумпа со еднофазен електромотор, вграден во компактно куќиште, вид на заштита IP65, контролен уред и опрема за приказ на предната врата.

Својства и функции:

Конструкцијата на контролорот зависи од моќноста на приклучената пумпа. Уредите се состојат од повеќе составни елементи:

Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на контролен уред.

Дисплеј: Дигитален дисплеј за приказ на притисок и грешка. Интуитивно мени за избор си копче за притискање за бирање и опрема на предната страна.

Индикатори: Долготрајните индикаторски сијалички ја покажуваат подготвеноста за работа и работата на пумпата, како и збирната грешка.

Копче за притискање: Копче за притискање за управување со пристапот и ресетирањето на менито, лизгање нагоре низ менито и рачно стартување, лизгање надолу низ менито и актуелната визуализација.

Заштита на мотор: Краток спој и прекумерна струја

Сигнализација за грешка и ресетирање: Некои алармни сигнали се прикажуваат преку LED-сијаличките, односно графичкиот дисплеј. Бојата на LED-сијаличките и кодот за аларм мора да се ресетираат.

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа

Подлежи на следните стандарди и директиви:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар - автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за џокеј пумпи
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустријална област (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Wilo J контролниот уред може да се користи за регулација на џокеј пумпата со еднофазен електро мотор според EN 12845 за тестирање и работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Џокеј пумпата која служи за зголемување на притисокот се стартува прва и служи за тоа, постројката да биде наполнета со вода и да биде под притисок. Се активира кога опаѓа притисокот во постројката. Регулирање на стартувањето и запирањето се врши со менито за поставки за притисок.

Работни податоци
Макс. напор Hmax 38,7 m
Број на пумпи 2
температура на медиум T 4 °C
температура на околината T 4 °C
Максимален работен притисок PN 12 bar
Податоци за мотор
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа 5.1301/EN-GJL-250, KTL-облога
Работно коло Бронза
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило BVEGG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 50
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 50
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ SiFire FIRST 32/200-172-6,8/0,55DJ
Нето тежина прибл. m 411 kg
Број на производ 4240862
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-SiFire FIRST

Број на производ 4243594
Издание 2020-12
Број на страници 84
Јазик en
PDF (12 MB)
Опрема

Акумулационен резервоар (1)

Арматури (8)

Ладење на мотор (3)

Заштита од бучава (6)

Монтажа на цевки (8)

Арматури/опрема (1)

Алармен сигнал (1)

Уред за ракување и сервис (1)

Одржување/замена (15)

Services

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
COMFORT одржување на SiFire DJ
    
2219505

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на SiFire DJ
    
2219558

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
Пуштање во работа
Пуштање во работа на SiFire DJ
    
2219403

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Други сервисни услуги

Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за SiFire DJ
    
2219462

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на SiFire DJ
    
2219269

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Поправка
Поправка на SiFire DJ
    
2219474

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис