Wilo-Helix EXCEL
Особености/предности на производот
- Високо ефикасен EC-мотор од класа на енергетска ефикасност IE5 според IEC 60034-30-2
- Вградена електронска регулација „High Efficiency Drive“
- Едноставно ракување благодарение на докажаната технологија на зелено копче и на прегледниот дисплеј
- Патронска прстенеста заптивка „X-Seal“ и спојка за проширување со лесна примена (над 5,5 kW) за брзо и едноставно одржување
- Флексибилна интеграција во зградната автоматика
- Дозвола за вода за пиење за пумпа со делови во допир со медиумот од нерѓосувачки челик (EPDM-изведба)
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Високоефикасна, нормално вшмукувачка, високопритисна центрифугална пумпа, целосно од нерѓосувачки челик со EC-мотор од класа на енергетска ефикасност IE5 согласно IEC 60034-30-2, во вертикална изведба со интегриран High Efficiency Drive и Inline-приклучоци.
Примена
- Водоснабдување и зголемување на притисокот
- Индустриски циркулациони постројки
- Процесна вода
- Затворени ладни кружни текови
- Постројки за перење
- Наводнување
Опрема/функција
- Ротори, статори и степенесто куќиште од материјал отпорен на корозија
Означување на типот
Пример: | Helix EXCEL 22 02/2 - 1/16/E/KS |
Helix EXCEL | Вертикална, високопритисна центрифугална пумпа во линиска изведба (електронски регулирано) |
22 | Проток во m3/h |
02 | Број на работни кола |
2 | Количество на коригирани работни кола |
1 | Материјал на пумпата |
1 = куќиште на пумпа 1.4301 (AISI 304)хидраулика 1.4307 (AISI 304L);Основна плоча EN-GJL-250, KTL-облога;[само Helix EXCEL 16.. и помало] | |
2 = куќиште на пумпа 1.4404 (AISI 316L)хидраулика 1.4404 (AISI 316L)Основна плоча EN-GJL-250, KTL-облога | |
3 = куќиште на пумпа EN-GJL-250 (KTL-облога) хидраулика 1.4307 (AISI 304L);[само Helix 22.. и поголеми] | |
16 | Максимален работен притисок во бари |
16 = 16 bar (прирабница PN 16) | |
25 = 25 bar (прирабница PN 25) | |
E | Начин на заптивање E = EPDMV = FKM |
K | Патронска прстенеста заптивка |
S | Заштитата на спојката лежи на една линија со вшмукателниот и потисниот приклучок на пумпата. |
Технички податоци
- Електрично поврзување:
- 3~ 50 Hz: 400V +/-10%
- 3~ 60 Hz: 380V +/-10%
- 3~ 60 Hz: 480V +/-10%
- Температурно подрачје:
- Helix EXCEL 2 – 16 (EPDM): -30 °C до +120 °C
- Helix EXCEL 2 – 16 за агресивни медиуми (FKM): -15 °C до +90 °C
- Helix EXCEL 22 – 36 (EPDM): -20 °C до +120 °C
- Helix EXCEL 22 – 36 за агресивни медиуми (FKM): -15 °C до +90 °C (-30 °C до +120 °C со EPDM заптивање на барање)
- Макс. работен притисок: 16/25 бара
- Вид на заштита: IP55
- Макс. температура на околина: -15 °C до +50 °C (друго температурно подрачје барање)
- Достапни изведби:
- Helix EXCEL 2 – 16: PN 16 со овални прирабници, PN 25 со кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005
- Helix EXCEL 22 – 36: PN 16 и PN 25 со лабави кружни прирабници во согласност со ISO 2531 и ISO 7005
Материјали
Helix EXCEL 2, 4, 6, 10, 16:
Стандардна изведба
- Работни кола, степенесто куќиште и водечки кола од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
- Куќишта за пумпи од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
- Основна плоча и латерна од EN-GJL-250 (KTL-облога)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од EPDM (FKM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
За агресивни медиуми
- Работни кола, степенесто куќиште и водечко коло од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
- Куќишта за пумпи од не’рѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под заптивање на вратилото 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
Helix EXCEL 22, 36, 52:
Стандардна изведба
- Степенесто куќиште, работни кола, работно коло од нерѓосувачки челик 1.4307 (AISI 304L)
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304) или од нерѓосувачки челик EN-GJL-250 со KTL-облога, лабава прирабница од нерѓосувачки челик EN-GJL-250 од KTL-облога за Helix V 22/EN-GJS 400 за Helix EXCEL V 36-52
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4057 (AISI 431)
- Муф под лизгачка механичка заптивка 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
За агресивни медиуми
- Степенесто куќиште, работни кола, работно коло од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
- Куќиште на пумпа од нерѓосувачки челик 1.4409 (AISI 316L), лабава прирабница од нерѓосувачки челик EN-GJL-250 со KTL-облога за Helix EXCEL 22/EN-GJS-400 за Helix EXCEL 36-52.
- Основна плоча од нерѓосувачки челик 1.4301 (AISI 304)
- Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L) или 1.4462 (AISI 318LN) (во зависност од изведбата)
- Муф под заптивање на вратилото 1.4404 (AISI 316L)
- O-прстен од FKM (EPDM-заптивка на барање)
- Цевкина обвивка од нерѓосувачки челик 1.4404 (AISI 316L)
Опсег на испорака
- Високопритисни центрифугални пумпа Helix EXCEL
- Упатство за вградување и работа
- Helix EXCEL 2 – 16 (PN 16 изведба со овална прирабница): Контраприрабница од нерѓосувачки челик, со соодветни завртки, навртки и заптивки