Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Comfort-Vario COR-1 MVIE...-GE | Wilo
Вашите предности
Series: Wilo-Comfort-Vario COR-1 MVIE...EM-GE (non-self-priming) [Historic]

Особености/предности на производот

  • Робустна постројка преку високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата MVIE со вграден фреквентен изменувач со воздушно ладење
  • Натпропорционално голем опсег на регулирање на фреквентниот изменувач
  • Голема енергетска заштеда благодарение на оптималното нагодување на моќноста преку варијабилна регулација на притисокот (p-v)
  • Вградена целосна заштита на моторот преку PTC
  • Интегрирано препознавање на работа на суво, со автоматско исклучување при недостаток на вода преку дијаграмот на моќноста на моторната контролна електроника

Препорачани сервисни услуги

Опис на серијата
Comfort-Vario COR [Historic]

Изведба

Постројка за водоснабдување подготвена за приклучување со вертикално наредени, нормално вшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од сериите MVIE 70 односно 95, опремено со интегриран фреквентен конвертор со воздушно ладење.

Примена

Целосно автоматска постројка за водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон или од акумулационен резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (резервната пумпа е предвидена согласно барањата од DIN 1988 и DIN EN 806).

Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:

  • Вода за пиење (зависно од одобрение за пиење вода, проверете го делот за материјал)
  • Чиста вода
  • Вода за ладење
  • Процесна вода
  • Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби)

Опрема/функција

1 пумпа од серијата MVIE (70 односно 95) со регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор монтирана на поцинкувана челична основна рамка со висинско поместување.

Сите делови што се во допир со медиумот се отпорни на корозија

од притисочната страна:

  • Затворачки вентил
  • Неповратен вентил
  • Неповратен вентил
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

од вшмукателната страна:

  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Означување на типот

Пример:

Wilo-COR-1 MVIE 7002/GE

CO

Компактна постројка зголемување на притисокот

R

Ргулација со фреквентен претворувач

1

Со една пумпа

MVIE

Серија на пумпи

70

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

02

Број на нивоа на единечна пумпа

GE

Основна единица, без контролен уред

Технички податоци

  • Приклучоци за мрежа:
    • 3~400 V ± 10 %, 50 Hz
    • 3~380 ±10 V, 60 Hz
  • Макс. температура на медиум +60 °C (+70 °C изборно)
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара (25 бара изборно)
  • Приливен притисок 10 бара
  • Приклучен номинален дијаметар DN 100
  • Опсег на број на вртежи 1500 – 3500 1/мин
  • Вид заштита IP54

Материјали

MVIE 10": 70-95 m3/h:

  • Куќиште на пумпа од EN-GJL-250 со KTL-облога од сиво леано железо со ACS-одобрение
  • Хидраулика во 1.4307 [AISI 304L]
  • EPDM заптивка
  • Со патрон

Други изведби се испорачуваат на барање:

  • PN 25
  • FKM (Viton) заптивање

Конструкција

Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање.

Цевковод: комплетен цевковод од нерѓосувачки челик од притисочната страна, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат во зградната техника; цевководот е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот.

Пумпи: Се користи по 1 пумпа од сериите MVIE 70 и MVIE 95.

Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со воздушно ладење, овозможува континуиран режим на регулација со помеѓу 25 Hz и макс. 60 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик/сиво леано железо и со KTL-облога со ACS-одобрение (видете го делот за опис на материјалот).

Арматури: пумпата е опремена од притисочната страна со затворачки вентил, со ознака за DVGW одобрение или прстенест затворачки вентил и со неповратен вентил со DVGW одобрение.

Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.

Надгледување притисок: 2 сензори за притисок 4..20 mA, на вшмукателната и притисочната страна.

Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.

Други изведби на барање

Опсег на испорака

  • Фабрички нагодена постројка подготвена за приклучување за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци за мрежата на барање

Водич за проектирање

Редуктор на притисок

Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулација на бројот на вртежи, вграден во секоја единечна пумпа, доколку колебањето на притисокот не е поголемо од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на нултата вредност на напорот на единечната пумпа при мин. број на вртежи. Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.

Заштитен прекинувач за резидуална струја

При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.

Приливен притисок

При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0

Само за постројки за заштита од пожар

Изведба според DIN 1988 (EN 806), дел 5+6

Ова не важи за постројки за гасење пожар во согласност со DIN 14462. За нив е потребна специјална порачка!

При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).

Осигурување од недостиг на вода (WMS)

Монтираниот тип на пумпа Helix VE веќе располага со вграден уред за препознавање на сув од, како сигурносен уред за пумпата

Детали за еклектроноката/електромагнетната подносливост

  • Единечни пумпни постројки до заклучно 7,5 kW моќност на мотор:
    • емитирана интерференца во согласност со одредбите на EN 61000-6-3
    • отпорност на интерференца во согласност со одредбите на EN 6100-6-1
  • Постројка со единечна пумпа со 11-22 kW моќност на мотор:Производот одговара ва директивите на EN 61800-3 и при емитирана интерференца ги исполнува барањата во стамбеното подрачје, како и барањата за отпорност на интерференца во индустриското подрачје. При примена во станбена област дополнително треба да се предвиди филтер за електромагнетна подносливост за отстранување интерференца од страна на мрежата во согласност со EN 61800-3 од класата B1.

Известување: При примена во стамбени објекти, инсталацијата мора да сеизведе од страна на персонал кој е обучен за електромагнетна подносливост.

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-MultiVert-MVIE 2G

Број на производ 4090994
Издание 0305
Број на страници 22
Јазик en
PDF (1 MB)

Wilo-Helix VE 22-36-52

Број на производ 4151995
Издание 1601
Број на страници 39
Јазик en
PDF (8 MB)

Wilo-Helix VE 2-4-6-10-6

Број на производ 4151993
Издание 1601
Број на страници 38
Јазик en
PDF (7 MB)

Wilo-SiBoost 2.0 Smart 1, Wilo-SiBoost Smart 1, Wilo-Comfort-Vario COR-1...-GE, Wilo-Comfort-Vario COR/T-1…-GE

Број на производ 2535459
Издание 2023-08
Број на страници 72
Јазик en
PDF (31 MB)