Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
FireSet-XXX-XXX-XXX/XXX E | Wilo

FireSet-XXX-XXX-XXX/XXX E

Број на производ: on request
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Максимален работен притисок PN 16 bar
Мин. температура на медиум Tmin 0 °C
Макс. температура на медиум Tmax 50 °C
Мин. температура на околината Tmin 4 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 30 kW
Номинална струја IN 52,7 A
Фактор на моќност 0,88
Номинален број на вртежи n 2955 1/min
Материјали
Куќиште на пумпа Бронза
Работно коло Бронза
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ FireSet-XXX-XXX-XXX/XXX E
Број на производ on request
Достапност на пазарот 2019-06-04
Опис

Постројката со пумпа за зголемување на притисокот како целосно автоматска компактна постројка со единечна пумпа за гаснење пожар согласно стандардите NFPA и со UL и FM сертификати се состои од: Една пумпа со хоризонтална основна плоча – пумпа со поделено куќиште – со спојка за проширување, електро или дизел мотор и пумпа со приклучна табла од цврста држечка конструкција Модел Е за електромотор и D за дизел мотор, обата опремени со Tornatech Controller, полна структура од специјални профилни делови со куки за проширување и осигурување на транспортот, специјални опции за основна плоча за дизел мотор, димензионирано за примање големи количини бетон, при што се намалува преносот на вибрации, а се зголемува сигурноста и работниот век на производот, циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, неповратен вентил, вентил (против работа на неовластени лица) за главна и резервна пумпа за автоматски старт. Кабел поставен во конструкцијата и заштитен од потрес и засекување. Во стандардна изведба со директно вградено обезвоздушување на куќиштето на главниот мотор. Само за дизел модели: Ладење на мотор со вода/топлински изменувач за вода, резервоар за гориво со сензор за ниво и доволен волумен за 8-часовна автономна работа и 2 батерии на основната плоча и уѕреди за полнење во приклучна табла FireSet.

Приклучна табла за постројка за гасење пожар согласно податоците од NFPA20. Сертифицирано со FM Global (класа 1321/1323). Сертифицирано со UL (UL218 и CSA C22.2 бр. 14).

Во IP54 куќиште од челичен плех и вградена приклучна табла. Висококвалитетно управување и многу едноставна работа преку регулатор „WiZiTouch“ со 7“ LCD приказ, едноставно водење во менито со едноставно мени, екран на допир и копчиња за притискање со цел брзо подесување параметри. Подготвено за комуникација меѓу надгледувањето на регулаторот и системот за откривање.

Пумпната постројка е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и подготвена е за приклучување.

Приливен притисок

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (видете ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката, намален за максимален напор на пумпата при Q = 0.

Согласно стандардот NFPA не е дозволено инсталира постројка за зголемување на притисокот според условите на вшмукување. Мора да има приливна висина.

Проток: Димензионирање на постројка до 3.000 gpm (681 m3/h – 189 l/s) за секоја главна пумпа.

Работа

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на калибрирање на сензорот за притисок за вклучување на пумпата.

Преку опционалната џокеј пумпа со автоматско вклучување и исклучување преку притисочен прекинувач, којашто е така димензионирана што единечниот распрскувач не предизвикува струење и притисок, а со тоа се спречува вклучување на главната пумпа и постројката се задржува под притисок. При понизок притисок на водата поради побарувачката што не се компензира со џокеј пумпата, се вклучува главната пумпа. Пумпата работи автоматски и може да се исклучи рачно преку прекинувачот на предната страна на приклучната табла.

Приклучна табла/контролен уред за постројки за гасење пожар

Wilo-Control FireSet E (главна пумпа со електро мотор)

Хардвер:

Целосно електронска централна регулациска единица во црвено челично лакирано куќиште со RAL 3002, вид на заштита IP54, регулација и дисплеј на предната страна.

Својства и функции:

Конструкцијата на регулаторот зависи од моќноста на приклучената пумпа. Уредите се состојат од повеќе составни елементи:

  • Главен прекинувач: Вклучување/исклучување на приклучната табла. (Недозволено дејство при пожар)
  • Дисплеј: Вграден дисплеј WiZiTouch на вратата од разводната кутија како екран на допир во боја од 7.0“ за ракување и прикажување. Ги прикажува работните податоци и соодветните состојби на пумпата и регулаторите преку комбинација од симболи и текст. Изборот на менито, како и внесувањето параметри се изведува преку интуитивни копчиња.
  • Микропроцесор: Микропроцесор, програмабилно реализиран SPS („Soft-SPS“), мрежен дел и вклучување I/O мрежа. Секоја конфигурација на програмирањето зависи од системот и од постројката за распрскување.
  • Стартување на моторот: Контактори за поврзување ѕвезда-триаголник
  • Итен старт:
    • Прирабничка рачка, влечење и заклучување.
    • Со вграден граничен прекинувач за директно вклучување (директно онлајн)
  • Заштита на мотор: Само за сигнализирање
  • Контрола на моќност:
    • Напон фаза-кон-фаза (нормална моќност)
    • Јачина на струја за секоја фаза, кога моторот работи
  • Приказ на притисокот:
    • Постојан приказ на притисокот во постројката
    • Подесувања за притисок за вклучување и притисок за исклучување
  • Запишување на притисокот и настаните:
    • Вредност за притисок со датум
    • Запишување настан со датум
    • При нормална работа, се меморираат настани низ работниот век на регулаторот
    • Податоците се видливи на екранот на корисничката површина
    • Податоците може да се преземаат преку USB-приклучок на надворешен мемориски уред
  • Мерење притисок:
    • Монтажен комплет со сензор за притисок и магнетен вентил за пробно работење за примени за свежа вода
    • Приклучување на линија за мерење на притисокот 1/2" NPT-внатрешен навој
    • Одливен приклучок 3/8"
    • Димензионирано за работен притисок од 0-500 PSI (стандарден приказ при 0-300 PSI)
    • Монтажа од надвор со заштитна маска
  • Визуелни напомени: Има струја - работа на мотор - периодичен тест - рачен старт - старт на вентилот за прскање вода - автоматско стартување од далечина - рачно стартување од далечина - итен старт - пумпа на барање/автоматски старт - пренизок притисок на искачување - температура на просторот на пумпата (во °F или °C) - заклучување
  • Аларми:
    • Само визуелно: Аларм за просторот на пумпата - пумпа на барања - дефект на моторот - пад на струјата - обратен редослед на фазите - симетрија на фазите - загуба на фаза L1 - загуба на фаза L2 - загуба на фаза L3 - прениска температура на просторот на моторот - не е достигнато неделното вклучување за тест - контролниот напон не е во ред
    • Визуелно и звучно: Блокирана струја на ротор - неуспешно стартување - прениско ниво на вода - пренизок притисок на потис
  • Контакти за далечински аларм: DPDT-8A-250V наизменична струја за: Има струја - обратен редослед на фазите - работа на мотор - аларм за просторот на пумпата (полето може повторно да се назначи) за: наднапон/поднапон/несиметричност на фазите/прениска температура на просторот на пумпата/висока температура на просторот на пумпата - општ дефект на моторот (полето може повторно да се назначи) за прекумерна струја/неуспешно стартување/преслаба струја/заземјување
  • Ѕвонче: Ѕвонче од 4“ – 85 dB при 10 ft. (3 m)
  • Комуникација: Протокол: Modbus - вид на поврзување: Заштитен RJ45 утикач - формат на рамка: TCP/IP

Одговара на следните норми:

  • Направено според NFPA 20
  • Underwriters Laboratory (UL): UL218- регулатор за пумпи за гасење пожар/CSA C22.2 бр. 14 индустриски уреди за управување
  • FM Global: Класа 1321/1323
  • CE-ознака: Различни EN-, IEC- и CEE-регулативи и стандарди

Опис на функцијата:

Со Wilo FireSet Control E можат да се контролираат пумпи со електромотор и сензори за управување со пумпите или нивото на информации. Со регулаторот се управува преку микропроцесор со „Soft-SPS“, служи за управување и регулација на сите потребни функции на постројката со пумпи за зголемување на притисокот за гаснење пожар согласно податоците во NFPA 20, за намени за тестирање и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на калибрирање на сензорот за притисок за вклучување на пумпата.

Доколку е потребно поголемо количество на вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, прекинете го притисокот во постројката. Во таков случај, вклучувањето на главната пумпа се активира преку регулаторот FireSet.

Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во постројката сè повеќе се зголемува притисокот на одржувањето. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на контролниот панел, за да се запрат главната и резервната пумпа.

Дополнителни информации:

Меморија што може да се зголеми, софтвер со повеќе јазици што може да се проширува, заштита со лозинка

Работни податоци
температура на медиум T 0 °C
температура на околината T 4 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 30 kW
Номинална струја IN 52,7 A
Фактор на моќност 0,88
Номинален број на вртежи n 2955 1/min
Материјали
Куќиште на пумпа Бронза
Работно коло Бронза
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ FireSet-XXX-XXX-XXX/XXX E
Број на производ on request
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-FireSet UL FM

Број на производ 4236078
Издание 2019-08
Број на страници 913
Јазик ar, bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, uk
PDF (85 MB)