Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Isar MODH1-1 | Wilo

Wilo-Isar MODH1-1

Ефикасен компактен систем за примени за вода за пиење.

Вашите предности
Wilo-ISAR MODH1-1

Ефикасен компактен систем за примени за вода за пиење.

Wilo-Isar MODH1 е систем за зголемување на притисокот со повеќестепени, хоризонтални пумпи со постојан број на вртежи, кои со својата компактна изведба која штеди простор може да се применат за дистрибуција на вода и зголемување на притисокот во мали комерцијални објекти. Има модуларна структура и може на барање да се опреми со една, две или три пумпи од типот Wilo-Medana CH1-L. Компонентите кои доаѓаат во допир со медиум се наменети и за примена кај вода за пиење. Флексибилните приклучоци, мала потреба за простор, лесно сервисирачките хидраулични компоненти и Easy Controller ги поедноставуваат инсталацијата, пуштањето во работа и одржувањето.

Препорачани сервисни услуги


Особености/предности на производот

  • Голема безбедност при работа преку постројка со една, две или три хоризонтални повеќестепени CH1-L-пумпи со хидраулика од нерѓосувачки челик
  • Едноставна инсталација и одржување благодарение на специјални, флексибилно нагодувачки приклучоци и собирни цевководи
  • Едноставно пуштање во работа и работа со Easy Controller
  • Одобрение за вода за пиење (ACS и KTW) за пумпи со составни елементи во допир со медиумот од нерѓосувачки челик
Опис на серијата
Wilo-ISAR MODH1

Изведба

Систем за зголемување на притисокот со 1 нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик

Примена

  • Полуавтоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од резервоар, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување).
  • Транспорт на вода за пиење, процесна вода, вода за ладење или друга потрошна вода, која ниту хемиски, ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 CH1-L-пумпа од постројка
  • Составните елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Галвански поцинкувана основна рамка со висинско поместување и придушувачи на осцилации за изолација од вибрациона бучава
  • Затворачки вентил од вшмукателната и притисочната страна на секоја пумпа
  • Неповратен вентил, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, од крајната притисочна страна
  • Манометар изборно, од вшмукателната страна
  • Манометар, од крајната притисочна страна
  • Осигурување од недостаток на вода, изборно
  • EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули

Означување на типот

Пример:

Wilo-Isar MODH1-1CH1-L-202/EC

Wilo

Марка

Isar

Повеќестепена постројка зголемување на притисокот

MOD

Комерцијална серија

H

Систем за зголемување на притисокот со хоризонтални пумпи

1

Ниво на производ (1 = почетно, 3 = стандардно, 5 = премиум)

1

Број на пумпи

CH1-L

Серија на пумпи

2

Номинален проток на единечна пумпа [m3/h]

02

Број на нивоа на единечна пумпа

EC

Контролен панел (Easy Controller)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 V ± 10 %, 50 Hz; 3~380/440 V ±10 %, 60 Hz, зависно од типот и 1~230 V, 50/60 Hz (други изведби на барање)
  • Макс. температура на медиум 50 °C (70 °C изборно)
  • Макс. температура на околината од 40 °C
  • Работен притисок 10 бара
  • Приливен притисок од 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна R 2"/DN 100
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна R 2"/DN 100
  • Вид заштита IP54
  • Осигурување од страна на мрежата A, AC 3 согласно моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени медиуми (други медиуми на барање). Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
  • Вода за ладење
  • Вода за пиење и процесна вода

Материјали

Единечна пумпа:

  • Работни кола, степенести комори и куќиште на пумпата од нерѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Вратило од нерѓосувачки челик 1.4404
  • Заптивки EPDM (EP851)/FKM (Витон)
  • Механичка заптивка од волфрамкарбид/јаглен
  • Лежиште од волфрамкарбид
  • Пумпна ногалка од алуминиум

Конструкција

  • Основна рамка: галвански поцинкувана и опремена со придушувач на осцилации со висинско поместување, за опфатна изолација од вибрациона бучава; други изведби на барање
  • Цевковод: комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот мора да е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот
  • Пумпа: 1 пумпа од сериите CH1-L 2.., 4.., 6.., 10.., 16..; сите составни елементи на пумпите што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик, 1.4301/1.4404
  • Арматури: секоја пумпа е опремена со по еден затворачки вентил од вшмукателната и од притисочната страна или со прстенест затворачки вентил и неповратен вентил на притисочната страна
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 10 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума потполно безбедна согласно прописите за безбедност на храна; за тест и инспекции со затворачка куглеста славина, како и празнење и проточна арматура согласно DIN 4807
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на крајната притисочна страна за активирање централен EC-контролор
  • Приказ на притисокот: Манометар (ø 63 mm) на крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот дисплеј на EC-контролор
  • Регулатор: постројката е опремена со EC-контролор во стандардна изведба

Опсег на испорака

  • Фабрички нагодена и монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци за мрежата на барање

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Isar MODH1, Wilo-Isar MODV1

Број на производ 2552079
Издание 2023-09
Број на страници 72
Јазик en
PDF (19 MB)

Wilo-Medana CH1-L, Wilo-Medana CH3-LE

Број на производ 4234327
Издание 02/2022
Број на страници 24
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo-Control EC/ECe-Booster

Број на производ 2549070
Издание 2023-08
Број на страници 60
Јазик mk
PDF (9 MB)

Wilo-Control EC/ECe-Booster

Број на производ 2549070
Издание 2023-08
Број на страници 56
Јазик en
PDF (9 MB)
Избор на производ
Опис на производПриклучок за цевка од вшмукателната странаПриклучок за цевка од притисочната странаМаксимален работен притисок PNБруто тежина прибл. mБрој на производ
ISAR MODH1-1CH1-L-202/EC
G 1
G 1
10 bar
58 kg
2551895
ISAR MODH1-1CH1-L-203/EC
G 1
G 1
10 bar
59 kg
2551896
ISAR MODH1-1CH1-L-204/EC
G 1
G 1
10 bar
59 kg
2551897
ISAR MODH1-1CH1-L-205/EC
G 1
G 1
10 bar
61 kg
2551898
ISAR MODH1-1CH1-L-206/EC
G 1
G 1
10 bar
61 kg
2551899
ISAR MODH1-1CH1-L-207/EC
G 1
G 1
10 bar
62 kg
2551900
ISAR MODH1-1CH1-L-402/EC
G 1
G 1
10 bar
58 kg
2551901
ISAR MODH1-1CH1-L-403/EC
G 1
G 1
10 bar
59 kg
2551902
ISAR MODH1-1CH1-L-404/EC
G 1
G 1
10 bar
59 kg
2551903
ISAR MODH1-1CH1-L-405/EC
G 1
G 1
10 bar
61 kg
2551904
ISAR MODH1-1CH1-L-406/EC
G 1
G 1
10 bar
63 kg
2551905
ISAR MODH1-1CH1-L-407/EC
G 1
G 1
10 bar
63 kg
2551906
ISAR MODH1-1CH1-L-602/EC
G 1¼
G 1
10 bar
59 kg
2551907
ISAR MODH1-1CH1-L-603/EC
G 1¼
G 1
10 bar
63 kg
2551908
ISAR MODH1-1CH1-L-604/EC
G 1¼
G 1
10 bar
63 kg
2551909
ISAR MODH1-1CH1-L-605/EC
G 1¼
G 1
10 bar
67 kg
2551910
ISAR MODH1-1CH1-L-1002/EC
G 1½
G 1¼
10 bar
62 kg
2551911
ISAR MODH1-1CH1-L-1003/EC
G 1½
G 1¼
10 bar
66 kg
2551912
ISAR MODH1-1CH1-L-1004/EC
G 1½
G 1¼
10 bar
70 kg
2551913
ISAR MODH1-1CH1-L-1005/EC
G 1½
G 1¼
10 bar
71 kg
2551914
ISAR MODH1-1CH1-L-1602/EC
Rp 2
Rp 1½
10 bar
67 kg
2551955
ISAR MODH1-1CH1-L-1603/EC
Rp 2
Rp 1½
10 bar
71 kg
2551956
ISAR MODH1-1CH1-L-1604/EC
Rp 2
Rp 1½
10 bar
75 kg
2551957
ISAR MODH1-1CH1-L-1605/EC
Rp 2
Rp 1½
10 bar
83 kg
2551958