Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
SiBoost Smart 2MVISE410 | Wilo

SiBoost Smart 2MVISE410

Број на производ: 2550747
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Макс. работен притисок p 16 bar
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd R 2
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs R 2
Број на степени -
Број на резервни пумпи 1
Број на работни пумпи 1
Количина на проток Q 4 m³/h
Мин. температура на медиум Tmin 3 °C
Макс. температура на медиум Tmax 50 °C
Мин. температура на околината Tmin 5 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50/60 Hz
Толеранција на напон ±10 %
Класа на изолација F
Вид на заштита IP44
Номинална моќност на мотор P2 2 kW
Номинална струја IN 6,5 A
Материјали
Куќиште на пумпа Не’рѓосувачки челик
Работно коло Не’рѓосувачки челик
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM

SiBoost Smart2 MVISE 410

MHIE, MVIE, MHIE, MVIE 3~400 V ≤7.5 kW

Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ SiBoost Smart 2MVISE410
Број на производ 2550747
EAN број 4048482895697
Боја зелена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2019-07-01
Амбалажа
Вид на пакување Еднонасочна палета
Карактеристики на пакување Транспортна амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1100 mm
Должина L 850 mm
Мерка за висина со амбалажа 1060 mm
Висина H 855 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1050 mm
Ширина W 740 mm
Бруто тежина прибл. m 152 kg
Нето тежина прибл. m 119 kg
Опис

Компактна постројка за зголемување на притисокот во согласност со DIN 1988 и DIN EN 806, за непосредно или посредно поврзување. Составена од нормално вшмукувачки, паралелно поврзани, вертикални високопритисочни центрифугални пумпи од не’рѓосувачки челик, во изведба на пумпа со воден ротор, при што секоја пумпа располага со фреквентен конвертор. Подготвена за приклучување со цевковод од нерѓосувачки челик, монтирана на основна рамка, вклучувајќи управувачки уред со потребната мерна и порамнувачка опрема.

За автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, комерцијални и административни згради, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски постројки.

За транспорт на вода за пиење, потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN 14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа материјалите и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки.

Особености/предности на производот

  • Оптимално подесување на моќноста на пумпата поради режим на управување со варијабилен притисок (pv) и паралелна регулација на синхронизиран број на вртежи за поголема заштеда на струја
  • До 20 dB[A] потивка работа од конвенционалните постројки со споредлива хидраулична моќност
  • Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје на фреквентниот конвертор од 20 Hz до максимум 50 Hz
  • Изведби на пумпи без одржување и без лизгачка механичка заптивка
  • Голема сигурност благодарение на различните заштитни функции, вклучитечно заштита од оптоварување, заштита од сув од и автоматско исклучување
  • Подесувањето и работата со SCe-приклучната табла се екстремно едноставни благодарение на LC-дисплеј и зеленото копче за подесување
  • Одобрение за вода за пиење за сите составни елементи што се во допир со медиумот
  • Подготвено за приклучување во зградна автоматика со SCe-приклучна табла преку Modbus RTU во стандардна изведба

Опрема/функција

2-4 пумпи од постројка од серијата MVISE со мотор со воден ротор и регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор на секоја пумпа.

SCe-приклучната табла ги прави автоматската регулацијата и управувањето на постројката за зголемување на притисокот посигурни.

Целосно се монтира на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.

Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.

Од притисочната страна:

  • Затворачки вентил на секоја пумпа
  • Неповратни вентили на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Од вшмукателната страна:

  • Затворачки вентил на секоја пумпа
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Smart Controller (SCe) во куќиште од челичен лим, вид на заштита IP54, составен од внатрешно снабдување со контролен напон, микропроцесор со Soft-PLC, аналогни и дигитални влезови и излези за активирање на електронски пумпи со фреквентен конвертор.

За олеснето одржување се препорачува работно поле од 1 m околу постројката.

Ракување/дисплеј

  • ЛЦ-дисплеј (со позадинско осветлување) за прикажување на работните податоци, параметрите на регулаторот, работните состојби на пумпите, сигнализација за грешки и меморија за историјата
  • Водење во менито преку симболи и броеви
  • Светлечки диоди за приказ на инсталацијата (работа/пречка)
  • Фабрички поставени параметри за лесно пуштање во работа
  • Подесување на работните параметри и ресетирање на сигнализација за грешка преку технологијата на зелено копче
  • Заклучувачки главен прекинувач
  • Работа со/без резервна пумпа по избор преку службата за односи со корисниците
  • Бројач на работни часови по пумпа и за целата постројка
  • Бројач на циклуси на префрлување по пумпа и за целата постројка
  • Меморија за последните 16 пречки

Регулација

  • Целосно автоматска регулација од 1 до 4 фреквентно регулирани пумпи преку споредба на зададената/актуелната вредност
  • Префрлање на зададена вредност: Може да се активира втора зададена вредност по контакт
  • Автоматско приклучување на 1 до n пумпи за врвно оптоварување зависно од оптоварувањето, во зависност од константата (p-c) на контролната величина на притисокот или варијаблата на притисокот (p-v)
  • Можен избор на 2 комплета параметри, мени „Easy“ (зададена вредност и режим на управување) или мени „Expert“ (работни и контролни параметри)
  • Слободен избор на работен режим на пумпа (Рачно – Искл – Автоматски)
  • Автоматско подесување за замена на пумпите
  • Стандардни поставки: Импулс - при секое ново барање се заменува основната пумпа, без оглед на работните часови
  • Алтернативно: замена на пумпите по работни часови, циклична замена на основна пумпа по програмабилен број на работни часови
  • Автоматско нагодување на тест-работа на пумпата (ударно стартување на пумпата)
    • Може да се активира/деактивира
    • Слободно програмирање на времето помеѓу две пробни работења на пумпа
  • Слободно програмирање на времето на исклучување
  • Слободно нагодување на бројот на вртежите

Надгледување

  • Издавање на актуелната вредност на постројката преку аналоген сигнал од 0-10 волти, при можност за надворешно мерење/прикажување, при што 10 волти одговараат на крајната вредност на сензорот
  • 4–20 mA сигнал на сензор (надгледување на прекин на жиците на линијата на давачот) за актуелна вредност на контролните величини
  • Осигурување на мрежните доводи до пумпата преку заштитна склопка на водот
  • Автоматско префрлување на резервна пумпа при пречка на некоја од работните пумпи
  • Надгледување на макс. и мин. вредности на постројката со времиња што може да се програмираат и ограничувања на одложеното застанување
  • Тест на нула количина, за исклучување на постројката кога нема трошење вода (параметрите се дефинираат)
  • Функција за полнење празни цевки (прво полнење на потрошувачката мрежа)
  • Заштита од недостаток на вода преку сензор за притисок 4..20 mA од вшмукателната страна во стандардна изведба
  • Заштита од недостаток на вода преку контакт за префрлување, на пр. за пливачки прекинувач
  • Автоматско запирање на пумпите во случај на дефект, односно работа со однапред дефиниран број на вртежи за ургентна работа

Интерфејси

  • Безнапонски контакти за сигнализација за збирна работа и сигнализација на збирна грешка (SBM/SSM)
  • Можна е регулација на логично враќање за SBM и SSM
  • Контакти за екстерно вкл./искл., недостаток на вода и втора зададена вредност
  • Екстерно вкл./искл. преку контакт за исклучување на автоматска работа на постројката

Изборна дополнителна опрема (монтирана фабрички или по техничкиот прием)

  • Сигнализација за единечна работа и за грешка
  • Конвертор на сигналот за 0/2 – 10 V на 0/4 – 20 mA
  • Модул за комуникација GSM (SC)
  • Далечинско следење WiloCare преку интернет

Препорачана опрема (треба посебно да се порача)

  • Флексибилни приклучни водови или компензатори
  • Навојни капи кај постројки со навоен собирен цевковод

Собирнички системи (изборно)

  • LON-Bus, Modbus TCP, BACnet MSTP, BACnet IP

Задржани стандарди

  • Технички правила за инсталации за вода за пиење DIN 1988 (EN 806)
  • Мембрански притисочен сад/еластичен мембрански сад DIN 4807
  • Опрема на високонапонски системи со електронски работен материјал според EN 50178
  • Електрична опрема на машини по EN 60204-1
  • Безбедност на електричните апарати за употреба во домаќинствата и слична намена по EN 60335-1
  • Нисконапонски склопови на прекинувачи EN 60439-1/61439-1
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустријална област EN 61000-6-2
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбена област, продавници и комерцијална области, како и во малите погони (EN 61000-6-3)
Работни податоци
Број на пумпи 2
температура на медиум T 3 °C
температура на околината T 5 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Приливен притисок 10 bar
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50/60 Hz
Номинална моќност на мотор P2 2 kW
Номинална струја IN 6,5 A
Номинален број на вртежи n 2900 1/min
Класа на изолација F
Вид на заштита на мотор IP44
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Не’рѓосувачки челик
Работно коло Не’рѓосувачки челик
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Не’рѓосувачки челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs R 2
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd R 2
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ SiBoost Smart 2MVISE410
Нето тежина прибл. m 119 kg
Број на производ 2550747
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-SiBoost Smart (FC) ... Helix V/... Helix VE/... Helix EXCEL

Број на производ 2535460
Издание 1809
Број на страници 1795
Јазик ar, bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk, zh
PDF (44 MB)

Wilo-MVISE-3G

Број на производ 4230106
Издание 2020-04
Број на страници 258
Јазик de, en, es, fr, nl, ru, tr, uk
PDF (15 MB)

Wilo-SiBoost Smart..., Wilo-SiBoost2.0 Smart...

Број на производ 2535457
Издание 2023-09
Број на страници 64
Јазик en
PDF (25 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo-SiBoost Smart (FC) ... Helix V/... Helix VE/... Helix EXCEL

Број на производ 2550649
Издание 1905
Број на страници 16
Јазик bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk
PDF (6 MB)

Wilo-SiBoost Smart (FC) ... Helix V/... Helix VE/... Helix EXCEL

Број на производ 2550530
Издание 1811
Број на страници 8
Јазик bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk
PDF (2 MB)
Опрема

Арматури (3)

Монтажа на цевки (6)

Регулација на притисок (6)

Управување со пумпи/опрема (8)

Services

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
BASIC одржување на систем за зголемување на притисокот кај 1 – 2 пумпи
    
2160453

За обезбедување и гаранција на работната сигурност на пумпите/постројките се препорачува да се спроведува редовна и со DIN-усогласена инспекција и сервисирање од страна на фабричката корисничка служба за односи со корисниците на WILO SE. Работите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Работите ги опфаќаат следниве точки:

  • Визуелна контрола на пумпите/постројките
  • Механичка контрола
  • Електрична контрола
  • Проверка на евентуално постоечкиот еластичен мембрански сад (нема полнење)
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на постројката
  • Составување на протокол за сервисирање

Закажувањето и организацијата на првото сервисирање (првично одржување) ги врши WILO SE. Понатамошните индивидуални понуди за сервисирање се можни по извршувањето на првото сервисирање.

COMFORT одржување на систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2160468

За обезбедување и гаранција на работната сигурност на пумпите/постројките се препорачува да се спроведува редовна и со DIN-усогласена инспекција и сервисирање од страна на фабричката корисничка служба за односи со корисниците на WILO SE. Работите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Работите ги опфаќаат следниве точки:

  • Визуелна контрола на пумпите/постројките
  • Механичка контрола
  • Електрична контрола
  • Проверка и по потреба полнење на евентуално постојните еластични мембрански садови
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на постројката
  • Составување на протокол за сервисирање
  • Потрошните материјали се вклучени во цената
  • Малите поправки се вклучени во цената на сервисирањето
  • Елиминирање на работни и патнички трошоци за ангажмани помеѓу интервали за сервисирање (за време на нормалното време на сервисирање)

Закажувањето и организацијата на првото сервисирање (првично одржување) ги врши WILO SE. Понатамошните индивидуални понуди за сервисирање се можни по извршувањето на првото сервисирање. Наведената цена се однесува на понуденото прво сервисирање.

-НЕТО-

PREMIUM одржување на систем за зголемување на притисокот кај 1 – 2 пумпи
    
2160483

За обезбедување и гаранција на работната сигурност на пумпите/постројките се препорачува да се спроведува редовна и со DIN-усогласена инспекција и одржување од страна на фабричката корисничка служба за односи со корисниците на WILO SE. Работите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Работите ги опфаќаат следниве точки:

  • Визуелна контрола на пумпите/постројките
  • Механичка контрола
  • Електрична контрола
  • Проверка и по потреба полнење на евентуално постојните еластични мембрански садови
  • Проверка на параметрите на постројката
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошните материјали се вклучени во цената на договорот
  • Елиминирање на работни и патнички трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на и надвор од нормалното време на сервисирање)
  • Ажурирања на софтверот
  • Вклучително потрошни делови

Закажувањето и организацијата ги врши WILO SE. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување.

Пуштање во работа
Пуштање во работа на систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2216414

За беспрекорна функција на пумпи/постројки се препорачува пуштање во работа од страна на фабричката служба за односи со корисниците на WILO SE. Со тоа се обезбедува оптимално регулирање и економична работа на постројката. Пуштањето во работа ги опфаќа следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката според листа на проверка
  • Параметрирање и нагодување на приклучна табла
  • Проверка и приспособување на претходно пресување на еластични мембрански садови (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функција на вградени постројки
  • Практично упатување во ракувањето
  • Wilo протокол за пуштање во употреба

Цената за пуштање во работа важи само за постројки, коишто се во согласност со упатството за работа и состојбата на инсталираната техника. Не се вклучени трошоците за евентуално потребните материјали.

-NETTO-

Други сервисни услуги

Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за систем за зголемување на притисокот кај 1 – 2 пумпи
    
2216416

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки со систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2216410

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Поправка
Поправка на систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2216417

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис