Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
SiFire-Easy-32/200-200-10,5DJ | Wilo

SiFire-Easy-32/200-200-10,5DJ

Број на производ: 4242210
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Приливен притисок 6 bar
Максимален работен притисок PN 16 bar
Број на пумпи 2
Мин. температура на медиум Tmin 3 °C
Макс. температура на медиум Tmax 25 °C
Мин. температура на околината Tmin 10 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Дизел мотор
Волумен на проток на воздух за ладење 710 m³/h
Вид/начини на ладење Воздух
Зафатнина 0,851 l
Број на цилиндри 2
Номинална моќност 10250 W
Број на вртежи 2900 1/мин
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 50
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 65
Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-Easy-32/200-200-10,5DJ
Број на производ 4242210
EAN број 4062679089560
Боја црвена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2020-09-20
Амбалажа
Вид на пакување Специјална палета
Карактеристики на пакување Комерцијална амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1226 mm
Должина L 1026 mm
Мерка за висина со амбалажа 1659 mm
Висина H 1529 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1948 mm
Ширина W 1748 mm
Бруто тежина прибл. m 719 kg
Нето тежина прибл. m 689 kg
Опис

Постројка за зголемување на притисокот како автоматска компактна постројка за гаснење пожар според EN 12845.

Составена од една главна пумпа со хоризонтална основна рамка – EN 733 – со спојка за проширување, дизел мотор и мембрански притисочен сад (Содржина: 20 l) како и една разводна кутија, фиксирана на робусна држечка конструкција.

Модел EC-Fire D за електро мотор, опремен со Easy Controller, солидна конструкција од специјални профилни делови со кружни жлебови за виљушкар и кука, така што е овозможен безбеден транспорт без проблеми. Разводна кутија која може да се нагодува во висина и специјална основна рамка, со што преносот на вибрации се намалува значително и се зголемува сигурноста и животниот век.

Циркулационен круг со двоен притисочен прекинувач, манометар, повратен вентил, вентил за главната пумпа за автоматско стартување (осигуран од делување на неовластени лица). Каблите се позајмуваат во конструкцијата и се заштитени од потрес и засекување. Стандардна изведба опремена со мембрана инсталирана директно на главната пумпа, за да се спречи прекумерно вжештување при нула-прилив.

Резервар за гориво со сензор за состојбата (количеството на гориво) и волумен кој е доволен за шестчасовна самостојна работа како и 2 батерии на основната рамка и полначи за батерии на EC-Fire разводна кутија.

Независна анти-вибрациска основна рамка за пумпата со дизел мотор.

Разводен уред EC-Fire D за противпожарни постројки во согласност со EN 12845.

Приклучна табла интегрирана во куќиште од челичен плех, според вид на заштита IP54.

Максимален квалитет и наједноставно ракување преку EC-Fire управување со директен приказ на актуелниот работен статус со повеќејазичен LD-екран базиран на симболи, лесно упатство за корисници со едноставно мени, притисочен и вртлив прекинувач за брзо поставување на параметри. Комуникациски контролен и управувачки механизам за надгледување на работата на постројката.

Постројката е монтирана на основна рамка со поврзани кабли и цевки, подготвена за приклучување.

Приливен притисок:

При планирањето на системската конфигурација мора да се земе предвид максималниот приливен притисок (види ги техничките податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на системот, соодветно намален за предвидениот максимален напор на пумпата при Q = 0. Кај постројките за распрскување според EN 12845, максималната вредност на притисокот на водата треба да биде 12 бари. Во постројките за распрскување со силен пораст, во кои разликата во висината помеѓу највисокиот и најнискиот распрскувач изнесува повеќе од 45 m, притисокот на водата на излезот на пумпата или во цевките може да биде повисок од 12 бари, доколку се дизајнирани сите компоненти на постројката за ова ниво на притисок.

Инсталација на пумпа за зголемување на притисокот според можностите за вшмукување.

За главната пумпа треба да се инсталира приливен резервоар со приклучок на потисната цевка над пумпата.

Проток

До 750 м³/ч (208 л/с) системска конфигурација за главната пумпа.

Приклучна табла/управувачки уред за вода за гаснење- систем за снабдување

Wilo-Control EC-Fire D (главна пумпа со дизел мотор)

Хардвер:

Електронска централна управувачка единица, вградена во челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки и екранизирани уреди на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла. (При неовластено користење во случај на пожар)
  • Дисплеј: Вграден екран на вратата од разводната кутија за ракување и прикажување. Ги покажува податоците за работата и работната состојба на пумпата и функција за управување и контролирање базирано на симболи. Изборот на менито и внесувањето параметри се изведува преку копчиња за притискање на предната врата
  • Микропроцесор: Микропроцесор програмабилно технички реализиран SPS, мрежен дел и вклучување I/O. Конфигурацијата на програмирањето зависи од постројката и од постројката за распрскување
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои го покажуваат следново: Работа на пумпата, активирање на потисниот прекинувач, деактивирање на автоматскиот модул, деактивирање на моторното греење, аларм за температура, аларм за маслениот притисок, погрешно стартување, аларм за ремените, ниско ниво на гориво, полнач за батерии, испразнета батерија, аларм на полнач за батерии, рачно запирање
  • Копчиња: Копче на притискање за рачно запирање, рачна стартна батерија A, рачна стартна батерија B, тестирање на ламби и рестартирање на аларми и сигнали за внимание, како и избор на мени
  • Осигурувач: Заштитни осигурувачи за греење и полнач за батерии во приклучната табла
  • Стартување на моторот: Автоматско преку две батерии кои можат да се сменат или директно преку копчето за стартување на предната табла
  • Заштита на мотор: Контрола на типичен параметар на работа кај дизел мотор (температура, маслен притисок итн.) без запирање
  • Контрола на моќност: Надгледување на бројот на вртежи на дизел мотор
  • Надгледување на батериите: Надгледување на напонот, струјата и грешките на полнење
  • Надгледување на водоснабдувањето: Преку пливачки прекинувач, со цел нивото на водата да биде секогаш најмалку 2/3 од приливниот резервоар
  • Контрола на водоснабдувањето: Сигнализација за грешка на полначот за батерии при намалување на водоснабдувањето
  • Сеопфатна сигнализација: Грешки од секаков вид се прикажуваат на зеднички индикатор за грешки
  • Индивидуална сигнализација: Битните поединечни грешки се прикажуваат преку индикаторите за поединечни грешки
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сите сигнали за грешка се прикажуваат на лед диоди и мора да се рестартира

Софтвер:

  • Фабрички програмиран за автоматска работа
  • Информации за бројот на вртежи на моторот, волтажата на полнењето и текот на полнењето.
  • Навигација на менито со помош на текст

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за пумпи со дизел мотор
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo EC-Fire D управувачките уреди, можат да се контролираат пумпи со дизел мотор, сензори за управување со пумпите како и нивото на информации. Приклучната табла управувана со помош на микропроцесор служи за управување и регулација на сите потребни функции на постројката за зголемување на притисокот според EN 12845 за тестови или вистински случаи на дефекти.

Работната логика на делот за гасење пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата. Доколку е потребно поголемо количество вода поради отворање на еден или повеќе циркуларни кругови или поради расипан распрскувач, притисокот во постројката ќе попушти. Ова води кон стартување на главната пумпа со помош на приклучна табла.

Штом се затвори циркуларниот круг на распрскувачот или засунот, со што се врши снабдување на главите за распрскување, во постројката сè повеќе се зголемува притисокот на одржувањето. Тогаш мора да се притиснат копчињата за запирање на предната врата за да запре пумпата.

Wilo-Control EC-Fire J (џокеј пумпа со електромотор)

Хардвер:

Комплетна електронска централна управувачка единица, вградена во лакирано челично куќиште, вид на заштита IP54, управувачки уреди и копчиња на предната врата

Својства и функции:

Дизајнот на управувачкиот уред зависи од моќноста на приклучената пумпа . Уредот ги опфаќа следните компоненти:

  • Главен прекинувач: За вклучување и исклучување на приклучна табла
  • Индикатори: Долговечни светилки-индикатори, кои ја покажуваат подготвеноста на пумпата, работата на пумпата и збирните грешки
  • Прекинувач: Вртлив прекинувач за поставување на рачен модус или автоматски модус
  • Стартување на моторот: Директна заштита
  • Заштита на мотор: Прекинувач за заштита од куршлус и преоптоварување
  • Индивидуална сигнализација: Сигнализација за грешки на моторот (куршлус,преоптоварување)
  • Приказ за грешка и ресетирање: Сигнализацијата за гршки на моторот е прикажана преку соодветни лед диоди. Ресетирањето се прави при ново стартување на заштитниот прекинувач на моторот

Одговара на следните норми:

  • Фиксирани уреди за гаснење пожар- автоматски постројки за распрскување (EN 12845), дел за џокеј пумпи
  • Електрична опрема на машини (EN 60204-1)
  • Низок напон-комбинации на приклучни табли (EN 61439-1 и EN 61439-2)
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на интерференца за индустриски подрачја (EN 61000-6-2)
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбено подрачје, деловни и трговски подрачја, како и во малите погони (EN 61000-6-3)

Опис на функцијата:

Со Wilo-Control EC-Fire J единиците, џокеј пумпите можат да бидат опремени со електромотор и сензори според EN 12845, за тестирање, како и при работа на постројката за распрскување.

Работната логика на делот за гасењето пожари се базира на каскадно калибрирање на притисочниот прекинувач за стартување на пумпата.

Џокеј пумпата која служи за зголемување на притисокот се стартува прва и служи за тоа, системот да биде наполнет со вода и да биде под притисок. Таа се активира при намалување на притисокот во системот. Регулирање на стартувањето и запирањето се врши со потисен прекинувач, кој е калибриран по закон.

Работни податоци
Макс. напор Hmax 53,9 m
Број на пумпи 2
температура на медиум T 3 °C
температура на околината T 10 °C
Максимален работен притисок PN 16 bar
Приливен притисок 6 bar
Податоци за мотор
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Куќиште на пумпа Сиво леано железо
Работно коло
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило BVEGG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs DN 50
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd DN 65
Информации за нарачувања
Производ Wilo
Опис на производ SiFire-Easy-32/200-200-10,5DJ
Нето тежина прибл. m 689 kg
Број на производ 4242210
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-SiFire Easy

Број на производ 4206362
Издание 1801
Број на страници 116
Јазик de, en, fr
PDF (8 MB)

Wilo-Priming tank 500 L

Број на производ 4228982
Издание 2019-05
Број на страници 451
Јазик ar, bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk
PDF (18 MB)

Wilo-SiFire Easy

Број на производ 4206363
Издание 2019-12
Број на страници 116
Јазик de, en, fr
PDF (4 MB)
Опрема

Акумулационен резервоар (1)

Арматури (10)

Ладење на мотор (3)

Заштита од бучава (6)

Монтажа на цевки (8)

Арматури/опрема (1)

Алармен сигнал (1)

Уред за ракување и сервис (1)

Одржување/замена (15)

Services

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
COMFORT одржување на SiFire DJ
    
2219505

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на нормални часови за сервис)
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
PREMIUM одржување на SiFire DJ
    
2219558

Со цел да се обезбеди безбедност при работа на пумпите/системите, препорачуваме да се вршат редовни и со DIN усогласени инспекции и работи за одржување од страна на службата за корисници на Wilo. Задачите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Задачите ги вклучуваат следните точки:

  • Визуелна проверка на пумпите/системите
  • Механичко тестирање
  • Електрично тестирање
  • Проверка и евентуално полнење на евентуално достапните притисочни резервоари
  • Проверка на параметрите на системот
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошниот материјал е вклучен во цената на договорот
  • Без надомест и патни трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време и надвор од вообичаените часови за сервис)
  • Надградба на софтвер
  • Вклучувајќи ги и потрошните делови
  • Планирањето и организацијата ги врши WILO. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување
Пуштање во работа
Пуштање во работа на SiFire DJ
    
2219403

За да се осигуриме дека пумпата(ите)/постројката (ите) функционираат беспрекорно, препорачуваме пуштањето во работа да го изврши сопствената служба за односи со корисниците на Wilo. Ова овозможува оптимално нагодување и ефикасно работење на системот. Пуштањето во работа ги вклучува следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката(ите) според контролната листа
  • Параметрирање и нагодување на разводната опрема
  • Тестирање и прилагодување на предкомпресија на притисочните резервоари (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функционално тестирање на склопени системи
  • Упатство за вградување и работа ориентирани кон пракса
  • Протокол за пуштање во работа на Wilo

Цената за пуштање во работа се однесува само на постројки кои се инсталирани во согласност со упатството за вградување и работа, како и според актуелната состојба на технологијата. Нема трошоци за материјали што може евентуално да бидат потребни.

Други сервисни услуги

Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за SiFire DJ
    
2219462

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки на SiFire DJ
    
2219269

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Поправка
Поправка на SiFire DJ
    
2219474

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис