Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Stratos PICO | Wilo

Wilo-Stratos PICO

Максимален комфор благодарение на асистентите за подесување.

Вашите предности

Максимален комфор благодарение на асистентите за подесување.

Големиот дисплеј, етаблираната технологија на зелено копче и новиот асистент за подесување прави ракувањето и работата на пумпата да се исклучително комфорни. Wilo-Stratos PICO во поврзаност со Dynamic Adapt plus не само што нуди максимална енергетска ефикасност, туку и голема сигурност со помош на автоматските заштитни функции.



Особености/предности на производот

  • Едноставно ракување благодарение на асистентот за подесување, прегледниот дисплеј и технологијата на зелено копче
  • Максимална енергетска ефикасност благодарение на комбинацијата на технологија на EC-мотор, Dynamic Adapt plus и прецизните можности за нагодување
  • Изборно: Комуникација со помош на надворешни дополнителни модули
  • Голема доверливост преку самозаштитни рутини, како автоматското препознавање сув од и автоматското повторно вклучување
  • Едноставно надгледување на актуелната потрошувачка на струја, односно напорот и кумулираните kWh
  • Едноставна електромонтажа благодарение на Wilo-Connector
Опис на серијата
Wilo-Stratos PICO

Изведба

Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Примена

Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.

Опрема/функција

Начини на работа

  • Dynamic Adapt plus
  • Δ p-c за константен диференцијален притисок
  • Δ p-v за варијабилен диференцијален притисок
  • Константен број на вртежи (n-const.)
  • Компатибилно со апликацијата Wilo-Smart Balance

Рачни функции

  • Поставување на работен режим
  • Подесување на моќноста на пумпата (напор)
  • Подесување на автоматска работа со намалување на интензитетот
  • Подесување на автоматска работа за вентили зависни од притисокот
  • Обезвоздушување пумпа
  • Рачно повторно вклучување
  • Функција за ресетирање на струјомерот
  • Функција за ресетирање на фабричките вредности
  • Блокада на тастерите за заклучување на поставките за подесување

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од работниот режим
  • Автоматско намалување на интензитетот
  • Автоматска функција на обезвоздушување
  • Автоматско препознавање сув од
  • Автоматско повторно вклучување

Функции на сигнализација и прикажување

  • Приказ кој може да се замени:
    • Актуелен проток
    • Актуелен напор
    • Актуелен број на вртежи
    • Влезна моќност
    • Потрошувачка на енергија
  • Приказ на статус за сигнализација за предупредување (жолт дисплеј) и сигнализација за грешка (црвен дисплеј) секој со код за грешка и опис со обичен текст
  • Приказ на статус за приказ на процес (син дисплеј):
    • Обезвоздушување пумпа
    • Рачно повторно вклучување
  • LED-сијаличка за статус:
    • Зелена LED-сијаличка: Беспрекорна работа
    • Сина LED-сијаличка: Комуникација на пумпата со надворешен модул

Опрема

  • Место за клуч на телото на пумпата
  • Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
  • Автоматско обезвоздушување
  • Мотор отпорен на струја на блокирање
  • Филтер за честички
  • Топлинска изолација во примена за греење, како стандардна опрема
  • Wilo-Connectivity Interface за надворешен модул

Означување на типот

Пример:

Wilo-Stratos PICO 30/0,5-8

Stratos PICO

Високоефикасна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана

30/

Номинален дијаметар на приклучок

0,5-8

Номинално подрачје на напор [m]

130

Конструктивна должина

N

Куќиште од нерѓосувачки челик

BT

Wilo-Smart Connect модул во опсег на испорака

Технички податоци

  • Температура на транспортиран медиум -10 °C до +110 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Вид на заштита IPX4D
  • Навоен приклучок G1, G1½, G2
  • Макс. работен притисок 10 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа: Сиво леано железо со KTL облога (нерѓосувачки челик: тип …-N)
  • Термоизолација: Полипропилен
  • Вратило: Не’рѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал
  • Работно коло: пластика

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Термоизолација
  • Wilo-Connector
  • Заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Изведба Stratos PICO...-N со куќиште на пумпата од нерѓосувачки челик, за примена кај подно греење
  • Изведба Stratos PICO...-130 со кратка монтажна должина 130 mm
  • Изведба Stratos PICO... BT со Wilo-Smart Connect модул BT во опсег на испорака

Опрема

  • Навртувања
  • Елементи за израмнување
  • Wilo-Connector со поврзан приклучен кабел од 2 m и утикач со заштитен контакт
  • Аголен приклучник со 2 m приклучен кабел
  • Wilo-Smart Connect модул BT
  • Wilo-Connect модул BMS
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Stratos PICO - Quick Guide

Број на производ 4249412
Издание 2021-11
Број на страници 76
Јазик bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk
PDF (20 MB)

Wilo-Stratos PICO

Број на производ 4249388
Издание 2021-12
Број на страници 36
Јазик en
PDF (5 MB)
Избор на производ
Број на пребарувања: 13