Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Yonos PICO1.0 | Wilo

Wilo-Yonos PICO1.0

Уште поголем комфор, уште помала потрошувачка на струја.​

Вашите предности
Wilo-Yonos PICO1.0

Уште поголем комфор, уште помала потрошувачка на струја.​

Видливи знаци за новата генерација високопродуктивни пумпи за постројки за климатизација и греење во еднофамилијарни и двофамилијарни куќи е зеленото копче за ракување, коешто овозможува максимален комфор при инсталација и одржување. Стандардните поставки за гејни тела и подно греење – симболично илустрирано преку пиктограми – штедат време при пуштање во работа. Уште подобрата енергетска ефикасност ја намалува потрошувачката на струја, која може да се следи и секогаш да е под контрола со помош на LED-дисплеј. Благодарение на компактната конструкција, замената на пумпа е уште поедноставна.


Особености/предности на производот

  • Максимален комфор за корисникот при ракување благодарение на технологијата на зелено копче со интуитивна корисничка површина​
  • Оптимална енергетска ефикасност благодарение на технологијата за EC-мотор, нагодување со прецизност од 0,1 m и приказ на актуелната потрошувачка на енергија​
  • Брз и едноставна инсталација и замена без проблем благодарение на новата и оптимизирана конструкција ​
  • Едноставно одржување и голема безбедност при работа благодарение на заштитните функции, како и автоматското повторно вклучување или рачната функција на обезвоздушување
  • ​Максимална безбедност при работа благодарение на докажаната технологија
Опис на серијата
Wilo-Yonos PICO1.0

Изведба

Циркулациона пумпа со воден ротор со навртување, EC-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Примена

Топловодно греење на сите системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки.

Опрема/функција

Режими на регулација

  • Δ p-c за константен диференцијален притисок
  • Δ p-v за варијабилен диференцијален притисок

Рачни функции

  • Нагодување режим на регулација
  • Нагодување на моќноста на пумпата (напор)
  • Функција на обезвоздушување

Автоматски функции

  • Континуирано прилагодување на моќноста зависно од контролниот режим
  • Автоматска функција на деблокирање

Функции на сигнализација и прикажување

  • Индикатор на влезна моќност во W
  • Прикаѕ на актуелниот напор при нагодување
  • Индикатор на сигнализација за грешка (шифри на грешки)
  • Приказ на избраната функција на обезвоздушување

Опрема

  • Место за клуч на телото на пумпата
  • Електричен брз приклучок со Wilo-Connector
  • Мотор отпорен на струја на блокирање
  • Филтер за честички

Означување на типот

Пример:

Wilo-Yonos PICO1.0 25/1-4-130

Yonos PICO1.0

Високопродуктивна пумпа (навојна пумпа), електронски регулирана

25/

Приклучен номинален дијаметар

1-4

Подрачје на номинален напор [m]

130

Конструктивна должина

Технички податоци

  • Температура на транспортиран медиум од -10 °C до +95 °C
  • Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz
  • Вид на заштита IP X4 D
  • Приклучок со навртување Rp ½, Rp 1 и Rp 1¼
  • Макс. работен притисок 10 бара

Материјали

  • Куќиште на пумпа: сиво леано железо (EN-GJL-200)
  • Работно коло: Пластика (PP - 40% GF)
  • Вратило на пумпата: Нерѓосувачки челик
  • Лежиште: јаглен, импрегниран со метал

Опсег на испорака

  • Пумпа
  • Wilo-Connector
  • Заптивки
  • Упатство за вградување и работа

Опции

  • Изведби Yonos PICO1.0...130 со кратка монтажна должина од 130 mm

Опрема

  • Навртувања
  • Елементи за израмнување
  • Термоизолација
  • Wilo-Connector со поврзан приклучен кабел од 2 m и утикач со заштитен контакт
  • Аголен приклучник со 2 m приклучен кабел
Избор на производ
Број на пребарувања: 13