Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-SiBoost Smart MVISE | Wilo
Вашите предности
Wilo-SiBoost Smart 2-4 MVISE

Особености/предности на производот

  • Оптимално нагодување на моќноста на пумпата поради контролен режим со варијабилен притисок (pv) и паралелна регулација на синхронизиран број на вртежи за поголема заштеда на струја
  • До 20 dB[A] потивка работа од конвенционалните постројки со споредлива хидраулична моќност
  • Натпропорционално голема широчина на регулирано подрачје на фреквентниот конвертор од 20 Hz до максимум 50 Hz
  • Изведби на пумпи без одржување и без лизгачка механичка заптивка
  • Голема сигурност благодарение на различните заштитни функции, вклучитечно заштита од оптоварување, заштита од сув од и автоматско исклучување
  • Нагодувањето и работата со SCe-приклучната табла се екстремно едноставни благодарение на LC-дисплеј и зеленото копче за нагодување
  • Одобрение за вода за пиење за сите составни елементи што се во допир со медиумот
  • Подготвено за приклучување во зградна автоматика со SCe-приклучна табла преку Modbus RTU во стандардна изведба

Препорачани сервисни услуги

Опис на серијата
Wilo-SiBooost Smart 2-4 MVISE

Изведба

Тивка постројка за водоснабдување подготвена за приклучување со 2 до 4 паралелно поврзани, вертикално наредени, нормалновшмукувачки високопритисочни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик од сериите MVISE во изведба со воден ротор. Секоја пумпа е опремена со интегриран фреквентен конвертор со ладење со вода. Постројка опремена со Smart Controller SCe.

Примена

Целосно автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во приливен погон од јавната водоводна мрежа или од резервоар на височина од најмалку 0,5 m над пумпата, за приватна, комерцијална, индустриска и комунална примена (пр. резиденцијални, админстративни и деловни објекти, хотели, болници, трговски, индустриски претпријатија и за водоснабдување). Содржи резервна пумпа според DIN 1988 и DIN EN 806.

Дозволените транспортирани медиуми во принцип се вода, кои не ги нагризуваат користените материјали, ниту хемиски ниту механички, и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки, како:

  • Вода за пиење
  • Вода за ладење
  • Процесна вода
  • Вода за гасење (освен за постројка за гасење пожар во согласност со DIN 14462 и со дозвола на локалните противпожарни служби).

Опрема/функција

2-4 пумпи од постројка од серијата MVISE со мотор со воден ротор и регулација на бројот на вртежи преку вграден фреквентен конвертор на секоја пумпа.

SCe-приклучната табла ги прави автоматската регулацијата и управувањето на постројката за зголемување на притисокот посигурни.

Целосно се монтира на поцинкувана основна рамка од челик со висинско поместување.

Сите составни елементи што се во допир со медиумот се отпорни на корозија.

од притисочната страна:

  • Затворачки вентил
  • Неповратен вентил
  • Неповратен вентил на секоја пумпа
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN 16
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

од вшмукателната страна:

  • Затворачки вентил
  • Сензор за притисок 4..20 mA
  • Манометар

Означување на типот

Пример:

Wilo-SiBoost Smart 3 MVISE 406

SiBoost Smart

Компактна постројка зголемување на притисокот со вградена регулација на број на вртежи

3

Број на пумпи

MVISE

Серија на пумпи

4

Стапка на номинален проток [m3/h] на единечна пумпа

06

Број на нивоа на единечна пумпа

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~400 ±10 %, 50 Hz
  • Макс. температура на медиум +50 °C
  • Температура на околината макс. +40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Приклучни номинални дијаметри:
    • Крајна притисочна страна R 2" - R 3"
    • приливна страна R 2" - R 3"
  • Опсег на бројот на вртежи 1100 - 2750 1/мин
  • Вид на заштита IP44
  • Осигурување од страната на мрежата [AC 3] соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите

Материјали

MVISE 2-8 m3/h

  • Куќиште на пумпа во 1.4301 [AISI 304]
  • Хидраулика во 1.4301 [AISI 304]
  • EPDM заптивка

Конструкција

Основна рамка: Од поцинкуван челик, со придушувач на осцилациите со висинско поместување, за далекусежна изолација од вибрациона бучава, како и интегрирани точки за кревање и водење на кабелот.

Цевковод: комплетен цевковод од нерѓосувачки челик, погоден за приклучување на цевки од сите материјали коишто се користат; цевководот мора да е димензиониран според вкупната хидраулична моќност на системот за зголемување на притисокот

Пумпи: Се користат 2 до 4 паралелно поврзани пумпи од серијата MVISE 2, 4, 8.

Фреквентниот конвертор, монтиран на пумпниот мотор со ладење со вода, овозможува континуирана регулација помеѓу 20 Hz и макс. 50 Hz на сите пумпи од овие серии. Сите делови на пумпата што се во допир со медиумот се од нерѓосувачки челик.

Арматури: секоја пумпа е опремена со затворачки вентил од вшмукателната и од притисочната страна, со ознака за DVGW одобрение и неповратен вентил со DVGW одобрение од притисочната страна.

Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 на крајната притисочна страна со мембрана од бутил гума, со одобрение DVGW/KTW, не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи; заради проверка и ревизија, опремена со затворачка куглеста славина со празнење и со проточна арматура со одобрение DVGW/KTW, според DIN 4807.

Надгледување притисок: 2 сензори за притисок: 4..20 mA, од притисочната и од вшмукателната страна.

Приказ на притисокот: Манометар поставен од вшмукателната и крајната притисочна страна.

Контролен панел: Smart Controller SCe во стандардна изведба со LC-дисплеј.

Други изведби на барање

Опсег на испорака

  • Фабрички монтирана постројка за зголемување на притисокот, подготвена за приклучување, со проверена функционалност и заптивање
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци за мрежата на барање

Водич за проектирање

Приливен притисок

При димензионирање на постројката треба да се внимава на макс. приливен притисок (в. Технички податоци). Макс. дозволен приливен притисок се добива од макс. работен притисок на постројката без макс. напор на пумпата приi Q = 0.

Редуктор на притисок

Променливиот приливен притисок се компримира преку уредот за регулирање на бројот на вртежи, вграден во секоја единечна пумпа, доколку колебањето на притисокот не е поголемо од разликата помеѓу зададената вредност на притисокт и на нултата вредност на напорот на единечната пумпа при мин. број на вртежи (работа со 20 Hz или 25 Hz). Доколку променливоста на притисокот е поголема, пред постројката треба да се монтира вентил за намалување на притисокот.

Проток

До 240 m3/h (66 l/s) димензионирање на постројка според DIN 1988 (EN 806); со резервна пумпа до 320 m3/h (88 l/s), при работа на резервните пумпи како дополнителен агрегат за врвно оптоварување

Заштитен прекинувач за резидуална струја

При инсталација на заштитен прекинувач за резидуална струја поврзан со фреквентни конвертори, треба да се земат предвид само заштитни прекинувачи за резидуална струја за сите струи, според DIN/VDE 0664.

Уред за осигурување од недостаток на вода Wilo-WMS

Употребената пумпа од серијата Helix VE веќе располага со вграден уред за препознавање на сув од, како сигурносен уред за пумпата. Кога постројките за зголемување на притисокот се приклучени директно на јавна мрежа за снабдување, треба да се вгради уред за осигурување од недостаток на вода; со тоа се спречува евентуални опаѓање на приливниот притисок во водот за снабдување на вредности под 1,0 бара. Додадете го во налогот при порачка на постројката за зголемување на притисокот. WMS тогаш се вргадува од страна на Wilo во постројката зголемување на притисокот, се поврзува со кабли и при завршната проверка на функционирањето се проверува и неговото функционирањето.

Стандарди/директиви

Целиот систем одговара на сите барања на

  • DIN 1988 дел 5
  • DIN 1988 дел 6* (**)

* Треба да се внимава на напомените на DIN 1988 (EN 806) и на претпријатието за водоснабдување. Во однос на електричните состевни елементи постројката одговара на барањата на

  • VDE 0100 дел 430/дел 540
  • VDE 0110 дел 1/дел 2
  • VDE 0660 дел 101/дел 107 и
  • DIN 40719/IEC 754

При примената и работата на постројка зголемување на притисокот, во принцип треба да се внимава на прописите од DIN 1988 (EN 806).(**)Ова не важи за постројки за гасење пожар во согласност со DIN 14462. За нив е потребна специјална порачка!

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-SiBoost Smart (FC) ... Helix V/... Helix VE/... Helix EXCEL

Број на производ 2535460
Издание 1809
Број на страници 1795
Јазик ar, bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk, zh
PDF (44 MB)

Wilo-MVISE-3G

Број на производ 4230106
Издание 2020-04
Број на страници 258
Јазик de, en, es, fr, nl, ru, tr, uk
PDF (15 MB)

Wilo-SiBoost Smart..., Wilo-SiBoost2.0 Smart...

Број на производ 2535457
Издание 2023-09
Број на страници 64
Јазик en
PDF (25 MB)

Памфлет за сертифицирање

Wilo-SiBoost Smart (FC) ... Helix V/... Helix VE/... Helix EXCEL

Број на производ 2550649
Издание 1905
Број на страници 16
Јазик bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk
PDF (6 MB)

Wilo-SiBoost Smart (FC) ... Helix V/... Helix VE/... Helix EXCEL

Број на производ 2550530
Издание 1811
Број на страници 8
Јазик bg, cs, da, de, el, en, es, et, fi, fr, hr, hu, it, lt, lv, nl, no, pl, pt, ro, ru, sk, sl, sr, sv, tr, uk
PDF (2 MB)

Сертификат

AH_ZESTAWY SiBoost Smart FC MVISE EXCEL HELIX VE COE-2 EMHIL

Број на страници 1
Јазик Јазично неутрално
PDF (483 KB)