Wilo-Sub TWI 4
Сигурна и отпорна на корозија повеќестепена, 4" потопна пумпа.
Сигурна и отпорна на корозија повеќестепена, 4" потопна пумпа.
Препорачани сервисни услуги
Особености/предности на производот
- Долд животен век, благодарение на не’рѓосувачки челик, изборно во варијанта на квалитет V4A
- Сертификат ACS за примена кај вода за пиење
- Висока флексибилност благодарение на верзиите во подрачјето од 4, 6, 8 и 10 цола
- Голема моќност од 1 до 250 m³/h
Изведба
Повеќестепена, 4" подводна пумпа во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална инсталација
Примена
- За снабдување со вода и со вода за пиење од бунари и цистерни
- Снабдување со потрошна вода
- За комунално водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
- Зголемување на притисок
- Спуштање на нивото на водата
- За транспорт на вода во индустриската примена
- За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки
Опрема/функција
- Повеќестепена подводна пумпа со радијални или полуаксијални работни кола
- Вграден неповратен вентил
- NEMA-спојка
- Монофазен или трифазен мотор
- Херметички залиени мотори
Означување на типот
на пр. | Wilo-Sub TWI 4.01-09-C |
TWI | Подводна пумпа |
4 | Пречник на хидрауликата во цоли ["] |
01 | Номинален проток [m3/h] |
09 | Број на степени на хидрауликата |
C | Генерација на серијата |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 1~230 V, 50 Hz или 3~400 V, 50 Hz
- Потопен работен режим: S1
- Температура на медиум: 3-30 °C
- Минимално струење кај моторот: 0,1 m/s
- Макс. содржина на песок: 50 g/m3
- Макс. број стартувања: 20/ч
- Макс. длабочина на потопување: 150 m
- Вид на заштита: IP 68
- Потисен приклучок: Rp 1¼ - Rp 2
Материјали
- Куќиште на хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4057
- Куќиште на мотор: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило мотор: нерѓосувачки челик .4305
Конструкција
Подводна пумпа со ACS дозвола за вертикална или за хоризонтална монтажа.
Хидраулика
Повеќестепена подводна пумпа со 4"-NEMA-приклучок и со радијални или полуаксијални работни кола во члекновидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.
Мотор
Монофазен или трифазен мотор заштитен од корозија, за директен старт. изолиран, херметички залиен мотор, натопен во смола, со лакирана намотка, самоподмачкувачко лежиште, со полнење вода-гликол.
Ладење
Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.
Притисочна обвивка
Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара.
Опсег на испорака
- Хидрауликата е веќе монтирана заедно со моторот
- кабел за поврзување од 1,5/2,5 m со одобрение за вода за пиење (пресек: 4x1,5 mm2)
- Монофазна варијанта со вкл. приклучна кутија со кондензатор и прекинувач за вклучување и исклучување
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Хидраулика од не`рѓосувачки челик 1.4401
- Мотор од нерѓосувачки челик 1.4401
- Изведба со 60 Hz
Опрема
- Цевки со разладна обвивка
- Притисочна обвивка (кај конфигурирани агрегати)
- Мембрански притисочен сад
- Монтажни комплети за кабел, за вода за пиење и за процесна вода
- Приклучни уреди