Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Wilo-Economy CO/T-1 Helix V | Wilo
Вашите предности
Wilo-Economy CO/T-1 Helix V.../CE

Особености/предности на производот

  • Компактна постројка подготвена за приклучување, за сите примени кои бараат системско одвојување
  • Робустна постројка благодарение на високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
  • Едноставно дефинирање на поставките и сигурна работа благодарение на применетата EC приклучна табла

Препорачани сервисни услуги

Опис на серијата
Wilo-CO/T-1 Helix V.../EC

Изведба

Постројказа водоснабдување со системско одвојување и нормалновшмукувачка високопритисочна центрифугална пумпа

Примена

  • автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и деловни објекти, хотели, болници, стоковни куќи, како и во индустриски системи
  • Транспорт на вода за пиење и потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки

Опрема/функција

  • 1 пумпа од серијата Helix V
  • Максимален број на степени: 14
  • PE-акумулационен резервоар, со атмосферско проветрување (150 l)
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Затворачки вентил, од притисочната страна
  • Неповратен вентил, од вшмукателната страна
  • Акумулационен раезервоар со вклучен пливачки вентил и пливачки прекинувач (сигнализатор за неодстиг на вода)
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, од притисочната страна
  • Осигурување од недостаток на вода
  • EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули

Означување на типот

Пример:

Wilo-Economy CO/T-1 Helix V 403/EC

Economy

Фамилија на производи системи за зголемување на притисокот

CO

Опис на серијата

T

Со вграден акумулационен резервоар за системско одвојување

1

Број на пумпи

Helix

Опис на серијата на пумпата

V

Конструкција на пумпа, вертикална

4

Номинален проток на пумпа Q [m3/h]

03

Број на степени на пумпата

EC

Контролен уред (Economy Control)

Технички податоци

  • Приклучување на мрежа 3~230/400 V ±10 %, 50 Hz (други изведби на барање)
  • Температура на медиум макс. 40 °C
  • Температура на околина макс. 40 °C
  • Работен притисок 16 бара
  • Приливен притисок 6 бара
  • Степени на номинален притисок 6/10/16 бара
  • Приклучни номинални дијаметри од крајната притисочна страна Rp 1 ¼"
  • Приклучни номинални дијаметри од приливната страна Rp 1 ¼"
  • Номинален број на вртежи 2900 1/мин
  • Вид на заштита IP54
  • Прекинувачка моќност P2 макс. при макс. 10 A = 4 kW (при дополнително вклучен електромеханички удел на моќност > 4 kW)
  • Осигурување од страната на мрежата AC 3 соодветно на моќноста на моторот и на EVU-прописите
  • Дозволени транспортирани медиуми (други медиуми на барање):Напомена за транспортираните медиуми: Дозволени транспортирани медиуми во принцип се води, кои не ги напаѓаат користените материјали ниту хемиски ниту механички и кои не содржат абразивни или долговлакнести состојки
    • Чиста вода без талог
    • Потрошна вода, ладна вода, вода за ладење и дождовница
    • Вода за пиење
    • Вода за гасење

Материјали

  • Ротори и степенести комори од не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Куќиште на пумпата нерѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Вратило не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Заптивка EPDM (EP 851)/FKM (Витон)
  • Капак на куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Долен дел од куќиштето не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Механичка заптивка B-јаглен/волфрамкарбид, SiC/јаглен
  • Притисочна обвивка не’рѓосувачки челик 1.4301/1.4404
  • Лежиште волфрамкарбид
  • База на пумпата EN-GJL-250
  • Цевковод од племенит челик 1.4307

Конструкција

  • Постројка за водоснабдување, подготвена за приклучување, монтирана на PE основна плоча, со комплетен цевковод, вклучувајќи ги сите потребни арматури и затворачи (без затворачки уред од приливната страна), монтажен комплет за сензор за притисок, високопритисочна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик во изведба со сув ротор (серија Helix V) и EC-контролор монтиран подготвен за приклучување и ожичен; во контролниот уред има електроника за активирање заради осигурување од недостаток на вода
  • Мембрански притисочен сад: 8 l/PN 16 поставен од крајната притисочна страна, со мембрана од бутил гума, која не е штетна во однос на законот за заштита на прехранбените производи, опремена со затворачки вентил, заради проверка и ревизија, со празнење и проточен уред според DIN 4807
  • Регулатор: постројката е опремена со EC-контролор во стандардна изведба
  • Сензор за притисок: 4 до 20 mA, поставен на крајната притисочна страна за активирање централен EC-контролор
  • Приказ на притисокот: Манометар на крајната притисочна страна; дополнителен дигитален приказ на крајниот притисок на алфанумеричкиот дисплеј на EC-контролор

Опсег на испорака

  • Фабрички нагодена и монтирана постројка за зголемување на притисокот, со проверена функционалност и заптивање, подготвена за приклучување
  • Упатство за вградување и работа

Опции

Други приклучоци на мрежа на барање

Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Helix V, .. FIRST V, ..2.0-VE 2-4-6-10-16

Број на производ 4143727
Издание 2023-03
Број на страници 24
Јазик en
PDF (5 MB)

Wilo-Economy CO-1 ..., CO/T-1 ... .../CE+ .../ER,Wilo-Comfort-Vario COR-1 ... ...-GE .../VR

Број на производ 2527299
Издание 2021-07
Број на страници 32
Јазик en
PDF (4 MB)

Wilo-Economy CO-1..., Wilo-Economy CO/T-1...

Број на производ 2554893
Издание 2023-11
Број на страници 56
Јазик en
PDF (8 MB)

Сертификат

Atest PZH Zestawy CO, COR

Број на страници 1
Јазик Јазично неутрално
PDF (369 KB)