Пребарување
Контакт
Е-пошта
Создавање каталог
Мои фаворити
Споредба на производи
Economy CO/T-1 Helix V 603/EC | Wilo
Слично на сликата

Economy CO/T-1 Helix V 603/EC

Број на производ: 2554265
Технички податоци
Податоци за хидраулика
Приливен притисок 6 bar
Максимален работен притисок PN 10 bar
Притисочна наставка G 1
Број на пумпи Q 6,5 m³/h
Мин. температура на медиум Tmin 5 °C
Макс. температура на медиум Tmax 40 °C
Мин. температура на околината Tmin 5 °C
Макс. температура на околината Tmax 40 °C
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 0,55 kW
Номинална струја IN 1,32 A
Номинален број на вртежи n 2900 1/min
Фактор на моќност 0,85
Режим на вклучување Директно онлајн (DOL)
Ефикасност на мотор ηm 50 % ηM 50% 72,8 %
Ефикасност на мотор ηm 75 % ηM 75% 76,7 %
Ефикасност на мотор ηm 100 % ηM 100% 77,2 %
Класа на изолација F
Вид на заштита на мотор IP55
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Материјал на резервоар PE-HD
Куќиште на пумпа Не’рѓосувачки челик
Работно коло Не’рѓосувачки челик
Материјал на заптивање EPDM
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило Q1BE3GG
Материјал на цевковод Не’рѓосувачки челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd G 1¼
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs -
Премостувачко приклучување Ø110-PN0
Бруто волумен на резервоар V 150 l

Wilo-Economy CO/T-1 Helix V.../EC

Helix FIRST V

Податоци за производ
Производ Wilo
Опис на производ Economy CO/T-1 Helix V 603/EC
Број на производ 2554265
EAN број 4062679191072
Боја зелена/црна/сребро
Минимална количина за нарачка 1
Достапност на пазарот 2022-06-01
Амбалажа
Вид на пакување Специјална палета
Карактеристики на пакување Транспортна амбалажа
Број по палета 1
Број по слој 1
Димензии и тежина
Мерка за должина со амбалажа 1300 mm
Должина L 1000 mm
Мерка за висина со амбалажа 1300 mm
Висина H 1160 mm
Мерка за ширина со амбалажа 1050 mm
Ширина W 750 mm
Бруто тежина прибл. m 123 kg
Нето тежина прибл. m 87 kg
Опис

Компактен систем за зголемување на притисокот, со акумулационен резервоар за системско одвојување (вода за пиење/вода за пиење или вода за пиење/без вода за пиење), во согласност со DIN 1988 и DIN EN 1717 (категорија на течност 5) за посреден приклучок. Се состои од акумулационен раезервоар, пливачки вентил, пливачки прекинувач како сигнализатор за заштита од сув од и нормално вшмукувачка, вертикална високопритисочна центрифугална пумпа од нерѓосувачки челик во изведба со сув ротор. Подготвена за приклучување, со цевковод на PE основна плоча, заедно со контролен уред, со сите потребни уреди за мерење и регулирање.

За одвојување на вода за пиење за автоматско водоснабдување и зголемување на притисокот во станбени, канцелариски и административни објекти, хотели, болници, стоковни куќи (за таа цел, во подрачјето на важност на DIN 1988 и DIN EN 806 треба да се предвидат постројки со резервна пумпа), како и во индустриските системи.

За транспорт на вода за пиење, потрошна вода, вода за ладење, вода за гаснење (освен за постројки за гаснење пожар според DIN14462 и со одобрување од локалните противпожарни власти) или друга потрошна вода, која ниту хемиски ниту механички не ги напаѓа вградените материјали и која не содржи абразивни или долговлакнести состојки.

Особености / предности на производот

  • Одобрение за вода за пиење на пумпата за сите делови во контакт со медиумот (верзија EPDM)
  • Високо ефикасна хидраулика на пумпа од серијата Helix V поврзана со IEC норм-мотори
  • Интегрирано препознавање на недостаток на вода, со автоматско исклучување преку релето за заштита од работа на суво
  • Механичка заптивка на пумпите, независна од насоката на вртење
  • Флексибилниот дизајн на латерна овозможува директен пристап до механичката заптивка
  • Деловите што се во допир со медиумот се отпорни на корозија
  • Акумулационен резервоар од полиетилен (PE) со работно претекување (HT), како и отвор за прелевање согласно DIN EN 13077 (опционално може да се прошири со

кутија за прелевање, вкл. заштита од нечистотии)

  • Приливен вентил со смирување на протокот, како и фабрички поставен осигурувач од вртење
  • Хидраулика со оптимизирана загуба на притисокот на целиот систем
  • Едноставно пуштање во работа и работа со Easy Controller
  • Фабрички нагодена проверка за претходно поставување на оптималното работно подрачје

Опрема/функција

  • Високопритисни центрифугални пумпи од нерѓосувачки челик, од серијата Helix V
  • Основна рамка од полиетилен (PE)
  • Затворачки вентил од притисочната страна
  • Неповратен вентил од вшмукателна страна
  • Мембрански притисочен сад 8 l, PN16, заедно со проточна арматура според DIN 4807, од притисочната страна
  • Сензор за притисок, притисочна страна
  • Манометар, притисочна страна
  • EC-регулација со куќиште IP54 од пластика составено од внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезни и излезни модули

Ракување/приказ

  • Целосно електронски Easy Controller со внатрешен мрежен дел, микропроцесор, аналогни и дигитални влезови и излези за активирање и поврзување на единечни пумпи со фиксен број на вртежи
  • Фабрички нагодени параметри за едноставно пуштање во работа/стартување
  • Нагодување на зададена вредност, работни параметри и ресетирање на сигнализација за грешка преку технологија на зелено копче
  • LC-дисплеј (позадинско осветлување) за приказ на работни податоци, параметри на контролорот, работниот статус на пумпата, актуелниот притисок, сигнализација за грешка и протоколот на процесот
  • Светлечки диоди за приказ на статусот на постројката (работа/дефект/недостаток на вода/прекумерен притисок)
  • Заклучувачки главен прекинувач
  • Водење во менито со симболи
  • Блокади за внесување параметри
  • Бирање работа со/без резервна пумпа
  • Бројач на работни часови за секоја пумпа
  • Бројач на работни часови за целата постројка
  • Бројач за вклучување/исклучување од мрежата за секоја постројка
  • Регистар на пречки за последните 9 пречки

Препорачана опрема (треба посебно да се порача)

  • Флексибилни приклучни водови или компензатори
  • Мембрански притисочен сад
  • Кутија за прелевање, вкл. заштита од нечистотии

Задржани стандарди

  • Технички правила за инсталации за вода за пиење (TRWI) DIN 1988 (EN806)
  • Мембрански притисочни садови/ експанзиони садови DIN 4807
  • Опрема на високонапонски системи со електронски работен материјал според EN 50178
  • Електрична опрема на машини по EN 60204-1
  • Безбедност на електричните апарати за употреба во домаќинствата и слична намена по EN 60335-1
  • Комбинации на нисконапонски расклопни уреди по EN 60439-1/ 61439-1
  • Електромагнетна подносливост, отпорност на пречки за индустријална област според EN 61000-6-2
  • Електромагнетна подносливост, емитирана интерференца за станбена област, продавници и комерцијални области, како и во малите погони според EN 61000-6-3
Работни податоци
Макс. напор Hmax 25,6 m
Број на пумпи 1
температура на медиум T 5 °C
температура на околината T 5 °C
Максимален работен притисок PN 10 bar
Приливен притисок 6 bar
Податоци за мотор
Приклучување на мрежа 3~400 V, 50 Hz
Номинална моќност на мотор P2 0,55 kW
Номинална струја IN 1,32 A
Номинален број на вртежи n 2900 1/min
Режим на вклучување Директно онлајн (DOL)
Ефикасност на мотор ηm 50 % ηM 50% 72,8 %
Ефикасност на мотор ηm 75 % ηM 75% 76,7 %
Ефикасност на мотор ηm 100 % ηM 100% 77,2 %
Класа на изолација F
Вид на заштита на мотор IP55
Класа на заштита на расклопен уред IP54
Материјали
Материјал на резервоар PE-HD
Куќиште на пумпа Не’рѓосувачки челик
Работно коло Не’рѓосувачки челик
Вратило Не’рѓосувачки челик
Заптивање на вратило Q1BE3GG
Материјал на заптивање EPDM
Материјал на цевковод Не’рѓосувачки челик
Димензии на инсталација
Приклучок за цевка од вшмукателната страна DNs -
Приклучок за цевка од притисочната страна DNd G 1¼
Премостувачко приклучување Ø110-PN0
Бруто волумен на резервоар V 150 l
Информации за нарачувања
Нето тежина прибл. m 87 kg
Производ Wilo
Опис на производ Economy CO/T-1 Helix V 603/EC
Број на производ 2554265
Документи

Упатство за вградување и работа

Wilo-Economy CO-1 ..., CO/T-1 ... .../CE+ .../ER,Wilo-Comfort-Vario COR-1 ... ...-GE .../VR

Број на производ 2527299
Издание 2021-07
Број на страници 32
Јазик en
PDF (4 MB)

Wilo-Economy CO-1..., Wilo-Economy CO/T-1...

Број на производ 2554893
Издание 2023-11
Број на страници 56
Јазик en
PDF (8 MB)
Опрема

Акумулационен резервоар (1)

Акумулационен раезервоар/опрема (1)

Арматури (4)

Еластични притисочни садови (41)

Services

Wilo има долга традиција на работа со инсталатери и производители на системи. Важен дел од нашата филозофија за партнерство е фабричката корисничка служба на Wilo. Заедно сите развиваме концепт на сервис кој најдобро одговара на вашите барања, а со нашите практични знаења и лично советување, се грижиме вашите постројки да се енергетски ефикасни, сигурни за работа и економични што е можно најдобро. Нашите компетентни сервисни техничари на Wilo ве поддржуваат брзо, сигурно и навремено.

Дознајте повеќе

Препорачани сервисни услуги

Одржување
BASIC одржување на систем за зголемување на притисокот кај 1 – 2 пумпи
    
2160453

За обезбедување и гаранција на работната сигурност на пумпите/постројките се препорачува да се спроведува редовна и со DIN-усогласена инспекција и сервисирање од страна на фабричката корисничка служба за односи со корисниците на WILO SE. Работите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Работите ги опфаќаат следниве точки:

  • Визуелна контрола на пумпите/постројките
  • Механичка контрола
  • Електрична контрола
  • Проверка на евентуално постоечкиот еластичен мембрански сад (нема полнење)
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на постројката
  • Составување на протокол за сервисирање

Закажувањето и организацијата на првото сервисирање (првично одржување) ги врши WILO SE. Понатамошните индивидуални понуди за сервисирање се можни по извршувањето на првото сервисирање.

COMFORT одржување на систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2160468

За обезбедување и гаранција на работната сигурност на пумпите/постројките се препорачува да се спроведува редовна и со DIN-усогласена инспекција и сервисирање од страна на фабричката корисничка служба за односи со корисниците на WILO SE. Работите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Работите ги опфаќаат следниве точки:

  • Визуелна контрола на пумпите/постројките
  • Механичка контрола
  • Електрична контрола
  • Проверка и по потреба полнење на евентуално постојните еластични мембрански садови
  • Проверка и, доколку е потребно, прилагодување на параметрите на постројката
  • Составување на протокол за сервисирање
  • Потрошните материјали се вклучени во цената
  • Малите поправки се вклучени во цената на сервисирањето
  • Елиминирање на работни и патнички трошоци за ангажмани помеѓу интервали за сервисирање (за време на нормалното време на сервисирање)

Закажувањето и организацијата на првото сервисирање (првично одржување) ги врши WILO SE. Понатамошните индивидуални понуди за сервисирање се можни по извршувањето на првото сервисирање. Наведената цена се однесува на понуденото прво сервисирање.

-НЕТО-

PREMIUM одржување на систем за зголемување на притисокот кај 1 – 2 пумпи
    
2160483

За обезбедување и гаранција на работната сигурност на пумпите/постројките се препорачува да се спроведува редовна и со DIN-усогласена инспекција и одржување од страна на фабричката корисничка служба за односи со корисниците на WILO SE. Работите се извршуваат според DIN 31051/DIN EN 13306. Работите ги опфаќаат следниве точки:

  • Визуелна контрола на пумпите/постројките
  • Механичка контрола
  • Електрична контрола
  • Проверка и по потреба полнење на евентуално постојните еластични мембрански садови
  • Проверка на параметрите на постројката
  • Составување на протокол за одржување
  • Потрошните материјали се вклучени во цената на договорот
  • Елиминирање на работни и патнички трошоци за ангажмани помеѓу интервали за одржување (за време на и надвор од нормалното време на сервисирање)
  • Ажурирања на софтверот
  • Вклучително потрошни делови

Закажувањето и организацијата ги врши WILO SE. На барање, можни се дополнителни индивидуални понуди за одржување.

Пуштање во работа
Пуштање во работа на систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2216414

За беспрекорна функција на пумпи/постројки се препорачува пуштање во работа од страна на фабричката служба за односи со корисниците на WILO SE. Со тоа се обезбедува оптимално регулирање и економична работа на постројката. Пуштањето во работа ги опфаќа следните точки:

  • Пуштање во работа на постројката според листа на проверка
  • Параметрирање и нагодување на приклучна табла
  • Проверка и приспособување на претходно пресување на еластични мембрански садови (полнење до 80 литри вкл.)
  • Функција на вградени постројки
  • Практично упатување во ракувањето
  • Wilo протокол за пуштање во употреба

Цената за пуштање во работа важи само за постројки, коишто се во согласност со упатството за работа и состојбата на инсталираната техника. Не се вклучени трошоците за евентуално потребните материјали.

-NETTO-

Други сервисни услуги

Продолжена гаранција
Продолжување на гаранција за систем за зголемување на притисокот кај 1 – 2 пумпи
    
2216416

Во комбинација со нова пумпа или нов систем, Wilo нуди продолжена гаранција до пет години во комбинација со пуштање во работа и одржување од страна на сервисот на Wilo.

Продолжената гаранција вклучува:

  • Целосна заштита и предвидливи оптимални трошоци
  • Редовни работи за одржување од страна на сервисот на Wilo
Оптимизација на постројките
Оптимизација на постројки со систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2216410

Wilo-Service нуди проактивна оптимизација на постројката преку нагодување на поставките и правење мали корекции за да се обезбеди безбедност при работа. Оптимизацијата на постројките меѓу другото вклучува:

  • Ремонт на пумпи/постројки за враќање на целосната моќност
  • Надградба на постари постројки со нови технологии или функции за да се заштедат капитални трошоци (осовременување)
Поправка
Поправка на систем за зголемување на притисокот со 1 – 2 пумпи
    
2216417

За време на проверката на лице место, компетентниот и искусен сервисер на Wilo одлучува дали пумпата може да се поправи на лице место или дали треба да се испрати во фабриката на поправка. Wilo исто така обезбедува резервни делови или пумпа за замена за враќање на безбедноста при работа на постројката.

Поправката вклучува:

  • Проверка и отстранување на причините за дефект од искусни експерти на Wilo
  • Необврзувачка проценка на трошоците за поправки
  • Електрохидраулично пробно работење за да се обезбедат точни податоци во однос на функцијата, квалитетот и моќноста на пумпата или постројката
  • Обложување на разни компоненти на пумпата или постројката за оптимизирана ефикасност
  • Употреба исклучиво на оригинални резервни делови
  • Документација за поправката во извештајот за сервис