Wilo-Sub TWI 8
Особености/предности на производот
- Долд животен век, благодарение на не’рѓосувачки челик, изборно во варијанта на квалитет V4A
- Мотори што се конфигурираат поединечно и материјали за дозволената работа во секој случај на примена
- Изведба за вода за пиење со ACS дозвола
- Висока флексибилност благодарение на изведбите од 4, 6, 8 и 10 цоли
- Подрачје на голем проток од 1 до 250 m³/h
Препорачани сервисни услуги
Изведба
Повеќестепена, 8" подводна пумпа во изведба со влечна лента, за вертикална или хоризонтална инсталација
Примена
- За снабдување со вода и со вода за пиење од бунари и цистерни
- Снабдување со потрошна вода
- За комунално водоснабдување, наводнување со вештачки дожд и наводнување
- Зголемување на притисок
- Спуштање на нивото на водата
- За транспорт на вода во индустриската примена
- За транспорт на вода без долговлакнести и абразивни состојки
Опрема/функција
- Повеќестепена подводна пумпа со полуаксијални работни кола
- Вграден неповратен вентил
- NEMA-спојка
- Трифазен мотор
- Херметички залиени мотори
- Мотори со калеми за повторно намотување
Означување на типот
Пр.: | Wilo-Sub TWI 8.80-02-C-SD |
TWI | Подводна пумпа |
8 | Пречник на хидрауликата во цоли ["] |
80 | Номинален проток [m3/h] |
02 | Број на степени на хидрауликата |
C | Генерација на серијата |
SD | Вид на активирање: без = директно активирање SD = активирање ѕвезда-триаголник |
Технички податоци
- Приклучување на мрежа: 3~400 V, 50 Hz
- Потопен работен режим: S1
- Температура на медиум:
- Херметички залиени мотори: 3-20 °C или 3-30 °C (зависно од типот)
- Мотори со калеми за повторно намотување: 3--30 °C (зависно од типот)
- Минимално струење кај моторот: 0,1--0,5 m/s (зависно од типот)
- Макс. содржина на песок: 50 g/m3
- Макс. број стартувања: 10 - 20/ч (зависно од типот)
- Макс. длабочина на потопување: 100 - 350 m (зависно од типот)
- Вид на заштита: IP68
- Потисен приклучок: Rp 5
Материјали
- Куќиште на хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Работни кола: Нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило хидраулика: Нерѓосувачки челик 1.4057
- Куќиште на мотор: EN-GJL или нерѓосувачки челик 1.4301
- Вратило мотор: не’рѓосувачки челик 1.4021, 1.4301 или 1.4305
Конструкција
Подводна пумпа со ACS дозвола за вертикална или за хоризонтална монтажа.
Хидраулика
Повеќестепена подводна пумпа со 6"- или 8"-NEMA-приклучок и со полуаксијални работни кола во члекновидна изведба. Вграден неповратен вентил. Сите делови што се во допир со медиумот се од материјали што се отпорни на корозија.
Мотор
Трифазен мотор за директно активирање или за активирање ѕвезда-триаголник. Задихтуван, херметички залиен мотор, потопен во смола, со намотка изолирана со лак или со мотор кој може одново да се намота, со намотка со PVC изолација, самоподмачкувачко лежиште, наполнет со мешавина од вода-гликол. Алтернативно, моторите од серијата NU 611, NU 8... можат да се наполнат со вода за пиење (изведба T).
Ладење
Ладењето на моторот се изведува преку транспортираниот медиум. Моторот секогаш мора да се пушта во работа потопен . Мора да се запазат граничните вредности за макс. температура на медиум и за минимална брзина на течење. Вертикалното поставување може по избор да се изведе со или без обвивка за млазно ладење. Хоризонталното поставување мора да се изведе заедно со обвивка за млазно ладење.
Притисочна обвивка
Притисочната обвивка служи за директна монтажа на агрегатот во системот на цевководот. Стандардно не се вградува неповратен вентил. Максималниот приливен притисок изнесува 10 бара.
Опсег на испорака
- Хидрауликата и моторот се веќе монтирани
- Кабел за поврзување од 4/8/10 m со одобрение за вода за пиење (пресек: 4x2,5 mm2 или 4x4 mm2, или единечен спроводник)
- Упатство за вградување и работа
Опции
- Хидраулика од не`рѓосувачки челик 1.4401
- Мотор од нерѓосувачки челик 1.4401 или 1.4571
- Изведба со 60 Hz
- Вклучување ѕвезда-триаголник
- Мотор што може повторно да се намотува
- Мотор може повторно да се намотува, наполнет со вода за пиење
- Конфигурирани агрегати за специјална изведба
Опрема
- Цевки со разладна обвивка
- Притисочна обвивка
- Монтажни комплети за кабел, за вода за пиење и за процесна вода
- Приклучни уреди
Упатство за вградување и работа
Submersible motor pump - motor pre-filled
Број на производ | 6094322 |
Издание | 2007-05 |
Број на страници | 72 |
Јазик | en |
Submersible motor pump - motor non-filled
Број на производ | 6094323 |
Издание | 2007-05 |
Број на страници | 72 |
Јазик | en |
Submersible motor pump in booster shroud - motor pre-filled
Број на производ | 6094324 |
Издание | 2007-05 |
Број на страници | 60 |
Јазик | en |
Submersible motor pump in booster shroud - motor non-filled
Број на производ | 6094325 |
Издание | 2007-05 |
Број на страници | 68 |
Јазик | en |
Памфлет за сертифицирање
Wilo-Sub TWI 4#Wilo-Sub TWI 6/TWI 06#Wilo-Sub TWI 8/TWI 08#Wilo-Sub TWI 010
Број на производ | 6080451 |
Издание | 2022-02 |
Број на страници | 24 |
Јазик | Јазично неутрално |