Wilo производи и нивната производна компетентност

Пионерски потфат во системот

Пумпите се нашата страст. Ние се трудиме да во пружиме многу повеќе од само моќни и економични пумпи. Во дигиталниот свет којшто станува се побрз и посложен, комплетните решенија играат централна улоги.

Поради вас развиваме пионерски достигнувања во системот - на основа на модерна технологија, иновативна употреба и висока компетентност за интегрирање во комплексни системи. При тоа ве поддржуваме при анализата, индивидуално ве советување и предложуваме одговарачки и економични решенија.

Со секој наш нов Wilo производ и нашот сервис, целта е вашето планирање да го поедноставиме и подобриме што е можно повеќе. Според најголемите побарувања за квалитет и сигурност, секогаш настануваат нови иновативни пионерски решенија во браншата на коишто можете во потполност да им верувате - денес и во иднината.

Системска компетентност во сите позции

Ние посакуваме планирањето да ви го поедноставиме и да го направиме што е можно пофлексибилно. Поради тоа нашите пумпи многу брзо и без проблем се интегрираат во присутниот комплексен свет на постројки. Тоа овозможува, на пример, различни интерфејс модули и проширувања за многубројни мрежни протоколи за зградна автоматика.

Сигурноста ја испишуваме со големи букви

Потпрете се на Wilo како партнер - ние сме партнер од доверба којшто е на ваша страна и ви нуди првокласен квалитет: Со оглед на тоа дека сме предводници во браншата, секогаш развиваме иновативни и сигурни производи за иднината, коишто можат многу едноставно и на најразлични начини да се интегрираат во системите, и на тој начин да работат долго, ефикасно и сигурно. Притоа ви го олеснуваме планирањето со помош на нашиот моќен сервис и модерна помош во планирањето.

Дознајте повеќе овде за нашиот целокупен сервис

Нашето поле на примена

Зградна техника

Значајноста на енергенсите и ефикасноста на ресурсите забележително се зголемува во сите области на животот од еколошки и економски причини. Дури и при користење на згради, аспектот на економичноста е во голем фокус. Тоа бара се поостри мерки за примена на иновативни системи со оптимално усогласени составни елементи. Wilo за тоа нуди неопходни енергетски ефикасни концепти - како технологија за греење, така и технологија за климатизација. Подрачјата на примена за производите и системските решенија, како за куќи со едно или повеќе семејства, така се и за згради, индустриски и канцелариски згради, и болници и хотели.

Дознајте повеќе за производите

  • Греење
  • Санитарна топла вода
  • Климатизација и ладење
  • Соларна енергија и геотермика

Дознајте повеќе за нашите системски составни елементи

Водостопанство

Водата како суровина е дагроцена и во светот ја има сè помалку. Поради тоа, сигурната подготовка и снабдувањето со вода претставуваат водечки глобален предизвик. Wilo нуди професионални решенија за сè посложените побарувања за вода за пиење и спроведување на истата како и транспортот и третирањето на отпадна вода. Wilo пумпите и пумпните системи за водостопанство поставуваат светски стандарди во поглед на технолошките достигнувања, како и во поглед на ефикасност и одржливоста.

Дознајте повеќе за производите за употреба на чиста вода

  • зголемување на притисокот
  • подготовка на вода
  • борба против пожари
  • наводнување
  • користење на дождовница
  • експлоатација на необработената вода

Дознајте повеќе за компетентноста на нашите системи во водстопанството



Пребарување според серии